Реклама
Прилози

На ДУИ им „гори под нозе“- прават се да го разбијат албанскиот опозициски блок

За прв пат во 20 години пред Интегративците е сериозна закана за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За прв пат во 20 години пред Интегративците е сериозна закана за заминување во опозиција, па прават се за да го разбијат албанскиот опозициски блок. Додека Европскиот сојуз за промени се обидува да ја придобие и Алијанса, ДУИ се обидува да им ги помати сметките. Од овие комбинаторки во голем дел ќе зависи и дали СДСМ ќе го добие она што најмногу го сака во моментов, заеднички листи со ДУИ кои би гарантирале колку – толку подобар резултат.

Хаос во албанскиот политички блок на македонската сцена. Преговарања, понуди, тајни и јавни средби, навредувања, задскриени игри – вака накаратко може да се опише што се случува на само 3 месеци пред изборите, меѓу ДУИ, Европскиот Сојуз за промени и Алијанса на Албанците.

Бројките на анкетите покажуваат дека популарноста на Европскиот Сојуз за промени сериозно се приближува ДУИ, и тоа претставува сериозна политичка опасност за интегртивиците. Во играта на собриање гласови за спас од пораз не е само Ковачевски, туку во овој случај е и Ахмети, кој без коалиција со Таравари ќе ја загуби титилата владејачка албанска партија.

Реклама

Таравари е на два ума – дали да се послуша себе си и дел од неговото членство или пак да попушти под притисокот и да соработува со  ДУИ.

За обединетата албанска опозиција Таравари е добар кандидат за претседател, но првиот човек на Алијанса рече дека не бил заинтересира.

-Албанската опозиција има разговарано со мене јас да бидам претседателски кандидат, но јас не сум заинтересиран, рече Таравари.

Изјавата на Таравари доаѓа откако вчера јавно на интервју лидерот на Беса порача дека се разговара со првиот човек на Алијанса за кандидатура.

„Да, разговарано е Таравари да биде кандидат за претседател и тој се смета за соодветен кандидат да биде кандидат Албанец на овие избори“, рече за косовската национална телевизија Касами

Се повеќе се подгреваат шпекулациите дека Таравари сака да оди во коалција со Меџити, Касами и Гаши, но надворешни фактори од партијата му ги замрсуваат конците, па токму и затоа тој најави дека ќе ја напушти Владата, но сепак остана во неа.  Останува отворено прашањето зошто Таравари не пресече и конечно се реши на која страна е, дали влијанието на пораншениот претседател Села е толку големо во нивната партија или пак првиот човек на Алијанса е уценет од Ахмети и сега бара спас за како да се спаси и да не собранотува со интегративиците.

Дека Таравари си влече страна настрана од ДУИ покажува и фактот што тој се среќава и јавно со Европскиот Сојуз за промени, но и со косовскиот премиер Кутри кој својата поддршка ја дава на Меџити, Гаши и Касами.

Пред само два дена во Приштина четворицата претседатели на албанските партии се сретнале со косовскиот премиер Албин Курти и со претседателот на парламентот на Косово, Глаук Коњуфца. Четворицата лидери на партиите според соопштението на кабинетот на косовскиот премиер, предложиле следниот претседател на земјава да биде од редовите на Албанците, кој „ќе го отелотвори соживотот меѓу етничките групи и ќе го гарантира европскиот пат на Македонија“.

Неофицијално , Курти им предложил на лидерите на поголемите албански партии во земјава (освен ДУИ) сите да излезат со заеднички кандидат за шеф на државата, односно Таравари и Касами да се договорат едниот да биде претседателски кандидат, а другиот носител на Шестата изборна единица.

На средбата присуствувал и Беким Ќоку, кој е советник на Курти. Ќоку, кој е од Струга, во минатото беше член на Демократската партија на Албанците (ДПА) на Мендух Тачи, а потоа и на Алијанса за Албанците. Тој сега е член на партијата на косовскиот премиер – Самоопределување.

Мери Симоновска