Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

На Дневниот центар за деца со церебрална парализа во Прилеп, итно му е потребен дефектолог

Тринаесет деца на возраст од 6 до 36 години со церебрална парализа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Тринаесет деца на возраст од 6 до 36 години со церебрална парализа веќе шест години, секојдневно ги користат услугите на специјализираниот Дневнен центар во Прилеп. Постоечкиот стручен персонал од 6 лица, засега целесно може да одговори на специфичните потреби на овие лица, меѓутоа, велат дека во Центарот итно е потребен дефектолог за тимот да биде комплетен.

„Во моментов, сме во недостиг на кадар, ни е потребно да примиме веднаш и неодложно дефектолог на што и работиме. Имаме тринаесет корисници во моментов на услугите на Дневниов центар, а се подготвуваат документи за прием на уште еден корисник на услугата и сметаме дека во моменталниов капацитет ова е доволно за да му се пружи целосна услуга на нашите корисници кои што се во моментов“, – кажа Зоран Малковски, дипл.социолог и в.д. директор на ЦСР – Прилеп. 

  „Најчесто гледаме да работиме индивидуално затоа што индивидуалната работа придонесува многу повеќе за разлика од групната… Значи, со децата доста се работи. Имаме дечиња што воопшто не знаеле ни да лазат, ни да одат, а сме ги проодиле, почннале и со говор, и со од…има многу придобивки“, – рече Милена Кареска, медицинска сестра.

Реклама

  Волонтерски, со овие дечиња веќе една година работи и пензионираниот професор по физичко воспитание, Трајче Зуљамоски. Вели дека целта му била хумана, со своето стручно знаење да им го олесни на овие дечиња.

 „Имаше деца кои не можеа да направат ни една вежба со стомачни мускули, не можеше фактички ни да станат од кревет, друго дете не можеше ни еднаш да клекне, да стане, значи не може да котристи такаречи ни тоалет. Е, тука, јас го гледам напредокот кај тие деца“, – објаснува Трајче Зуљамоски, пензиниран професор по физичко воспитание и волонтер.

 „Јас се викам Виктор Бошкоски. Имам 12 години. Играм фудбал, учам песнички и друго. Многу ни е убаво овде, се дружиме со другарчињата“, – ни рече малиот Виктор Бошкоски, корисник.

  Дневниот центар за церебрална парализа во Прилеп денеска го прослави шестиот роденден. По тој повод, во име на ЛС, а по претходно барање на ЦСР, градоначалникот Борче Јовчески на Дневниот центар му подари вертикализатор, а вети и други донации во наредниот период.

Каролина Дурло