Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Македонија

На четири фирми за управување со станбени згради им се одземени лиценците

Регулаторната комисија за домување соопшти дека одзела лиценци на четири управители на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Регулаторната комисија за домување соопшти дека одзела лиценци на четири управители на станбени згради, по вонредна проверка за исполнувањето на условите врз основа на кои им е издадена лиценцата. Целта на вонредната периодична проверка била добивање податоци за постапувањето, кои управителите на станбени згради беа должни, најдоцна во рок од шест месеци, да го усогласат своето работење согласно одредбите од новиот Закон за домување.

Со извршената проверка биле опфатени правни лица – управители на станбени згради со седиште во Скопје, Охрид, Прилеп, Тетово, Гостивар, Струмица, Штип, Битола, Кичево, Велес, Куманово, Кочани и Кавадарци.

Кај четири управители, од кои три со седиште во Скопје и една во Струмица, констатирани се неправилности, недоставени податоци или неисполнување на обврските утврдени со закон.