Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Прилози

На бизнис заедницата и прекипе – Ќе има ли конечно власт која нема да краде и ќе ги троши одговорно народните пари?

Власта троши неодговорно, а на Македонија и се случува кражба на државниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Власта троши неодговорно, а на Македонија и се случува кражба на државниот буџет. – Бизнис заедницата го вклучи алармот. Оттаму велат дека во Македонија мора да завладее пазарната економија и правната држава, а не институциите постојано да се со рацете во џебот на бизнисите.

  • „Ние немаме во државата корупција. Ние во најголем дел имаме кражба на државен буџет. Таа работа треба сместа да се прекине. Ние имаме непродуктивни трошења. Ние не можеме да создадеме колку што трошиме. Тоа веќе треба некој да излезе и конечно да го каже. А кои се тие што тоа треба да го кажат сите знаеме. Тие се политичките елити“ – Вели претседателот на стопанска комора на Македонија, Бранко Азески.

Претседателот на најголемата бизнис асоцијација во Македонија, алармира и за неодговорноста на институциите кога станува збор за основна инфраструктура, клучна за економијата. Азевски за пример посочи мост кај Црна река кој го кочи цел контејнерски транспорт на меѓународниот коридор 10, само затоа што на институциите им се потребни 4 месеци да поправат столб од 19ти век. Па саркастично вели, можеби згрешиле турците кои го поставиле. Се осврна и на гасната инфраструктура, кој беше еден од најголемите ветувања на сегашната владеачка коалиција.

  • „Ние уште не сакаме да сфатиме дека гасификацијата што ние не ја спроведуваме е проблем за проодноста на гасот во регионот и дека некој страда поради тоа. Дека некои цени се дигаат, некој ги плаќа тие. Некои цени паѓаат, некои шпекулираат и крадат на тоа. И никогаш тоа не ни е јасно, не сакаме да го направиме и да го согледаме, затоа што се лови во матно“ – Истакна Азевски.

Бизнис заедницата во континуитет предупредува дека се потребни сериозни стратегии и политики кои ќе овозможат одржлив економски развој. За тоа да се случи, дел од стопанственицитее сметаат дека е потребно да се се создадат услови и за подобрување на состојбите во делот на човечкиот капитал

Реклама
  • „Компаниите да се охрабрат и да навистина се погрижат за човечкиот капитал, односно човечките ресурси со кои што располагаат и да направат се, за да успеат тие да ги задржат.“  – Порача извршниот директор на Реплек, Душан Пецовски.

Инаку, од стопанската комора на Македонија, предупредија дека статистиките покажуваат оти во изминативе 30 години, македонскиот бруто домашен производ, во просек растел само 1,7%. Тенденција која што продолжува. Поради што, бизнис заедницата ќе излезе со платформа, со која ќе предложат серија мерки за тоа да се промени.

Никола Цветкоски