Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

На -28 степени запросување на Пелистер на првото изгрејсонце

При исклучително реткиот настан за пречек на првото изгрејсонце од Новата 2026…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

При исклучително реткиот настан за пречек на првото изгрејсонце од Новата 2026 година на врвот „Антена“ на Пелистер, на надморска височина од 2601 метар и температура од -28 степени Целзиусови, рано утринава се случи несекојдневно запросување. Искусниот планинар Дарио Петровски ја побара за жена својата понежна половина Мишела Панајотова, која исто така е пасионирана вљубеничка во планината.

Инаку, овие двајца млади луѓе живеат и работат во Германија, а годинава се вратиле дома за да учествуваат во манифестацијата „Први на Први“, која е дел од годинашната битолска Зимска приказна, но и да се заколнат на вечна љубов во првото јануарско утро. Двајцата млади беа дел од тимот искусни планинари од Планинарско-спортскиот клуб „Олимпус Монс, кои ја реализираат манифестацијата „Први на Први“ – искачување до врвот „Антена“ со цел да се доживее првото игрејсонце во Новата година. Ова воедно се смета и за прв спортски настан одржан годинава  во државава, но и пошироко во Европа.

„Поради ниските температури од -28 степени и ветрот од околу 50 км/ч искачувањето се одвиваше во многу отежнати услови. И покрај тоа што станува збор за искусни планинари, беше потребно да се вложи многу повеќе сила за да се совладаат алпските климатски услови кои ги имаше ова утро на Пелистер“, – изјави Иванчо Тошевски, организатор и претседател на ПЗ „Олимпус Монс“ и директор на НП „Пелистер“.

Реклама

При годинашното искачување кое започна пред полноќ, учествуваа над 50 искусни и познати планинари од 10 градови од Македонија, Црна Гора и Германија. Искачувањето е под покривителство на општина Битола и годинава се организираше по петти пат, а целта е да се дочека првото изгрејсонце во Новата година  од еден од најубавите природни видиковци на Балканот.