Реклама

Алта банка АД Битола е стабилна и ликвидна – НБМ со серија мерки за заштита на имотот на граѓаните и фирмите

Јотова или Ѓуров – во Бугарија се гласа за претседател, излезноста рекордно ниска

Растот на цените на становите забавува – дали и како може да запре?

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Судењето на единствените двајца осудени за модуларната болница се враќа на почеток – Правната фела не е изненадена

Светски ден на штедење – Во банките се чуваат 7,5 милијарди евра, но „перницата“ и натаму приоритет за добар дел граѓани

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Македонија

Најголем буџет досега достапен од ЕК за земјата за образовната програма „Еразмус +“

За програмата „Еразмус+“ за 2026 година на земјава ѝ е достапен буџет…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За програмата „Еразмус+“ за 2026 година на земјава ѝ е достапен буџет од 8,1 милиони евра од Европската комисија, најголем во изминатите 12 години откога Македонија е вклучена во оваа европска програма за образование и мобилност.

На настан на Економскиот факултет при УКИМ, на кој Националната агенција за европски образовни програми и мобилност (НАЕОПМ) ги претстави програмските приоритети на „Еразмус+“ и на Европскиот солидарен корпус за 2026 година, премиерот Христијан Мицкоски истакна дека тоа што е достапен максимален буџет ја отсликува довербата во институцијата. 

Тој посака уште повеќе студентски размени, кои, како што рече, ќе резултираат со повеќе иксуство и помотивирани студенти, кои знаењето ќе го пренесат дома. 

Реклама

– Добро е да се појде надвор и да се стекнат искуства и човек да се врати дома мотивиран и инспириран од тие искуства и тогаш со повеќе самодоверба знаењето да го пренесе на студентите овде во Македонија. Тоа и целта на „Еразмус+“. Со оваа програма младите имаат пристап до моќен европски финансиски инструмент, кој овозможува меѓународна мобилност, размена, учење и професионален развој. Особено сакам да истакнам дека за 2026 година е обезбеден најголемиот буџет во оваа финансиска рамка, во вкупен износ од над 8 милиони евра. Ова не е случајно. Ова е резултат на јасна определба да се вложува онаму каде што приносот е најголем: кај младите луѓе – рече Мицкоски.

Министерката за образование и наука Весна Јаневска посочи дека Македонија е веќе 12 години дел од програмата „Еразмус+“ и дека тоа е одлична можност за нашите млади луѓе да стекнат знаења и мобилност.

– Првенствено е посветена на младите што имаат можност на територијата на Европската Унија да стекнат искуство и знаење, кои потоа ќе ги пренесат во својата земја. Во 2014 година сме почнале со буџет од 3,5 милиони за во 2026 да стигнеме до буџет 8,1 милиони, што значи силна поддршка за младите на оваа земја за да ги спознаат и постигнат европските стандарди. Длабоко сум уверена дека оваа година ќе продолжи активното учество на Агенцијата во програмата „Еразмус+“, одговорно, чесно, посветено и дека младите и во иднина  ќе имаат можност да стекнуваат искуства во ЕУ – изјави Јаневска. 

Директорката на НАЕОПМ, Ана Михајлов, соопшти дека во изминатите шест месеци работеле интензивно за да ги подобрат процесите во Агенцијата, со цел, како што рече, да ја вратат довербата во оваа инстутуција.

– Мислам дека резултатите го покажуваат тоа, така што за оваа 2026 година е обезбеден најголем буџет во оваа финансиска рамка, од 8,1 милиони евра достапни за образование, обука, млади и спорт. Имаме и сто проценти повеќе апликации во изминатите години, што значи дека младите, организациите, универзитетите веруваат дека системот функционира и дека транспарентно и одговорно се распределуваат средствата на Европската комисија – рече Михајлов.

Присуството на премиерот и на министерката за образование и наука на денешниот настан, рече таа, потврдува дека е силна поддршката од Владата за образованието и за младите.

На прашање кои се последните информации во врска со барањето на Генералниот директорат на ЕУ за поврат на средства по констатациите за злоупотреби, Михајлов одговори дека тоа е прашање за институциите што го водат случајот. Додаде дека НАЕОПМ со внимание и доследно ги следи сите препораки на Европската комисија.

– На сите забелешки активно работевме во изминатите шест месеци. Најпрвин треба да ги подобриме процесите во институцијата, тоа и го правиме успешно и наидуваме на поздравување од Европската комисија. На ова прашање би требало да одговорат институциите што го водат случајот, а тоа не е Националната агенција – додаде Михајлов.