Реклама

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Купување онлајн со плаќање на врата – граѓаните повеќе преферираат кеш отколку интернет трансакција

Опустошени улици, запалени објекти и автомобили – хаос во Франција по тензичната и насилна ноќ

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Прилози

Најавената нова платформа и свежа енергија се сведе на веќе познати ликови

Најавената нова платформа и свежа енергија се сведе на веќе познати ликови…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Најавената нова платформа и свежа енергија се сведе на веќе познати ликови – несуден амбасадор, градоначалник, бивши директори на државни институции и јавни претпријатија, партиски портпарол и луѓе блиски на моќници од времето на неговиот предходник. Вака може да се дефинира новиот тим на Венко Филипче.  

Под негова раководна палка СДСМ го докомплетира Извршниот и Централниот одбор со луѓе, за кои многумина сметаат дека се веќе потрошени кадри, кои нема да и помогнат на партијата да засетане на нозе, а најмалку од се, можат да се престават како ново лице на промените.

За нов меѓународен секретар на СДСМ, е назначен Андреј Жерновски. Несудениот амбасадор треба да биде врската на оваа партија со светот. Имено, Жерновски во 2023 година беше назначен за амбасадор кој требаше ја преставува Македонија во Романија. Но, тој никогаш формално не стана амбасадор. Во ноември 2024 година, новиот министер за надворешни работи Тимчо Муцунски изјави дека жерновски официјално никогаш не станал амбасадор во романија, бидејќи не ја завршил целата процедура за предавање акредитиви. Поради ова, од МНР беше посочено дека тој не може ниту да биде „отповикан„ во правна смисла, иако се појавија вести за негово повлекување.

Реклама

Стнува збор за човекот, кој ќе остане запаметен и по јавниот гаф, кога на познат поткаст не можеше јасно и прецизно да дефинира што значат буквите од кратенката НАТО.

Во новото раководство на партијата влегуваат – актуелната градоначалничка на Македонска Каменица, Соња Стаменкова, Слободан Чокревски, професор и поранешен носител на неколку држани функции, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузевска, поранешниот пратеник Рубин Земон, и Тања Илиевска.

Зоран Трифуновски, ексдиректор на македонски железници е нов организациски секретар на Социјалдемократскиот сојуз, на местото на Мартин Костовски, кој беше кандидат на опозициската партија за градоначалник на Куманово, но катастрофално загуби уште во првиот круг. Труфуновски важи за близок човек до екс генералниот секретар Миле Зечевиќ.

Покрај Труфуновски , организациски секретар е и Љупчо Фармаковски, а генерелен секретар Александар Саша Димитријевиќ. По поразот на СДСМ на локалните избори и двајцата си поднесоа оставки, но Филипче ги врати на истите позиции.

Освен овие кадри, СДСМ ќе избира и претседател на Форумот на пензионери, со што ќе ја отвореле вратата за пошироко вклучување на пензионерските структури во активностите на партијата.