Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

МВР: Во декември 19.750 сообраќајни прекршоци, приведени 132 лица за безобзирно управување на возило

Во декември лани биле издадени 19.750 издадени платни налози за сообраќајни прекршоци,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во декември лани биле издадени 19.750 издадени платни налози за сообраќајни прекршоци, од кои 4.256 биле за непочитување на пропишаната брзина. Од слобода се лишени 132 лица за безобзирно управување со возило.

-Во периодот од 1-ви до 31 декември минатата година  како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 19.750 издадени платни налози, 4.256 прекршок се однесува на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Лишени од слобода за безобзирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик биле 132 лица, од кои 109 за возење под дејство на алкохол, три за возење во забранет правец, 13 за возење со брзина поголема од дозволената во населено место, седум за возење со брзина поголема од дозволената надвор од населено место, информираат од МВР.

Според статистичкиот преглед од полициските активности, во текот на декември евидентирани се 5.515 прекршоци за неправилно паркирање, 2.010 мерки се изречени за возачи што управувале возило без возачка дозвола, како и 728 санкции за возење под дејство на алкохол.

Реклама

Од друга страна пак, а согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, санкционирани биле 19 возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем, а санкционирани се и 441 пешак. Исто така изречени се санкции за 1.136 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас. Согласно Законот за возила, 356 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а 187 заради техничка неисправност. Санкционирани се и 110 возачи поради неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата (фолии).

Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот за почитување на сообраќајните правила и прописи и заеднички придонес за побезбедни патишта.