Тројца насилници уапсени во еден ден. Едниот пукал кон својата сопруга, физички ја нападнал ќерката, а се заканувал на трите ќерки. Другиот извршил обљуба на 22 годишна девојка, и го одземал телефонот и не дозволувал да ја алармира полицијата. Третиот тргнал да ја тепа својата ќерка.
Синоќа на 40 минути по полноќ приведен е 55 годиншен насилник од Кисела Вода. Како што информираат од МВР, тој од својот пиштол испукал еден куршум кон 48 годишната сопруга, кој завршил во прозорец. По што отишол и се закнувал на трите ќерки на возраст од 26, 24 и 18 години, а средната ќерка и физички ја нападнал.
На час и половина пред полноќ, насилникот го повторил насилството, повторно со пиштол и се заканувал на сопругата, но ќерките го спречиле да го употреби огненото оружје. Од МВР велат дека по целосното документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

-Знам дека потенцијалниот насилник е задржан во рамки на полициска станица и за истиот ќе се преземаат дејствија, согласно она што кое што го имаме утврдено како фактичка состојба. Битно е дека во конкретната ситуација за среќа немаме смртни последици. Повеќе детали не би сакал да споделам во овој момент, изјави првиот полицаец Панче Тошковски.
25 годишник пак заврши со лисици на рацете, бидејќи физички нападнал, обљубил и и се заканувал на 22 годишна девојка.
-Истата пристигнала од Германија и извршил обљуба, и упатувал закани, а исто така во периодот додека била во неговиот дом не и дозволувал да излезе сама и и го зел нејзиниот мобилен телефон и на 04.03.2026 истата успеала да се јави телефонски на нејзината мајка, истата алармирала во полиција, која пристигнала на посочената адреса и со направена проценка на ризик постапила, велат од МВР.
Вчера во раните утрински часови лисици доби и 54 годишник од Сарај.
-Според пријавеното, тој околу 5 часот во домот под дејство на алкохол физички ја нападнал неговата неговата 15-годишна ќерка, но неговиот син успеал да ги радели, велат од МВР.
Овие пријави за семејно насилство доаѓаат по трагичниот настан од пред неколку дена, кога Ивана и Катја Јовановски во понеделникот околу 14 часот загинаа по пад од шести спрат од зградата во која живееја. Обвинителството го сомничи сопругот и татко на жртвите, Стојанче Јовановски дека својата сопруга ја навел на самоубиство, физички ја малтретирал и и ја загрозил сигурноста.
Матеја Петровски
