Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Прилози

МВР распиша потерница по Груби и Бајрами

Артан Груби и Перпарим Бајрами официјално станаа бегалци барани со меѓународна потерница.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Артан Груби и Перпарим Бајрами официјално станаа бегалци барани со меѓународна потерница. МВР објави потерници за двајцата кои се товарат за проневера на околу осум милиони евра од Државна лотарија.Тие засега се недостапни на органите на прогонот.

Бајрами веќе се обезбедил со правна одбрана, неговото семејство го ангажирале адвокатот Антонио Апостолски. Тој за Алфа вели дека неговиот клиент, последниве месеци живее и работи надвор од Македонија.

Денеска само се пријавив во судот како правен застапник, ангажиран сум од семејството Бајрами. Од утре заедно со тимот од мојата канцеларија ќе бараме од ОЈО да ни дозволи увид на предметот.Моите информации се дека тој последниве месеци живее и работи надвор од државата вели Антонио Апостолски адвокат на Перпарим Бајрами.

Реклама

Во меѓувреме, Артан Груби преку својот адвокат се пазари за притвор. Тој неофицијално го уцени судот за неговото враќање во Македонија, ако не одел во Шутка ќе се врател.

Човекот кој го “спаси” Артан Груби, а и ја злоупотреби својата положба како почесен конзул на Косово во Македонија, бил повикан во полициска станица Карпош на информативен разговор, потврдија од МВР.

Станува збор за Арсим Папранику кој е газда на “Нептун”. Тој беше посочен како сопатник на Груби, каде што дипломатските таблички му ја кренале рампата на Блаце, а Груби со албански пасош влегол на територија на Kосово. Дали е уште таму или заминал во Aлбанија, засега не се знае.

Полицијата во понеделникот изврши претрес во куќата на Груби но и на други девет локации и пронашла вкупно 60 илјади евра во кеш. Беше претресена и куќата на Бајрами кој е осомничен дека пред неколку месеци побегнал во Косово.

Истрагата за злоупотребите во државните игри на среќа се проценува проневера од речиси  8,2 милиони евра . Груби, Бајрами и останатите осомничени за криминалите во Државната лотарија ќе одговараат за малверазациите со тендерите за набавка на нови коцкарски апарати.