Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

МВР проверува сомнежи за фалсификувани записници во Судскиот совет

Претрес во Судскиот совет немало. МВР собира докази за фалсификувани записници со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претрес во Судскиот совет немало. МВР собира докази за фалсификувани записници со кои евентуално е сторено кривично дело. За ова влегле полицајците во Судскиот совет, а не да ги тресат канцелариите на ул. Македонија број 5. Според информации на Алфа се работи за документите со кои на колегиум бил продолжен мандатот на Весна Дамева како претседател, кој инаку требаше да и заврши на 5 декември. Полицијата има отворено предистрага и собира докази.

  • „Одземено е тоа што треба да се земе, предистрага е во моментов, нема што да се каже, кога ќе заврши сѐ ќе информираме, до кога ќе трае и тоа не се знае“, велат од МВР.

Истражителите од полицијата, добиле наредба за прибирање на податоци од јавен обвинител. И Судскиот совет го потврди истото.

  • „Нагласуваме дека не е издадена наредба за претрес, ниту е извршен претрес во просториите на Судскиот совет. Советот соработува и ќе продолжи да соработува со сите надлежни органи и институции во државата водејќи се од начелата на независно, одговорно и транспарентно судство и се оградува од било какви влијанија и притисоци одвнатре и однадвор, а со цел заштита  на независноста и интегритетот на судството“ велат од Судскиот совет.

Сомнежите за фалсифукивање записници прв ги изнесе премиерот Христијан Мицкоски на 28 ноември кој рече и дека добива информации за проблеми во Судскиот совет. Тој спомена дека има групи кои фалсификуваат документи со различни датуми и печати, без потписи.

Реклама

Но клановите во Судски за кои говореше премиерот не се нешто ново што јавноста го нема слушнато. Лани кога колегите се решија да ја симнат Дамева од претседателската функција, медиумите пишуваа за поделбите во Советот.  

Членовите во судски на затворен колегиум и го продолжиле мандатот на Весна Дамева, а потоа таа самата си поднесе оставка.