Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

МВР: Осум лица лишени од слобода поради дрога во Скопје, Тетово и Битола

Во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници на повеќе локации низ државата лишиле од слобода осум лица кај кои била пронајдена дрога, информираат од Министерството за внатрешни работи.  Во Скопје, вчера и денеска, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Ѓ.Д. (30) од Велес, Ф.П. (28) од Куманово, како и И.М. (23), Б.В. […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници на повеќе локации низ државата лишиле од слобода осум лица кај кои била пронајдена дрога, информираат од Министерството за внатрешни работи. 

Во Скопје, вчера и денеска, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Ѓ.Д. (30) од Велес, Ф.П. (28) од Куманово, како и И.М. (23), Б.В. (27), А.Б. (27) и А.Ш. (29), сите од Скопје. При извршените контроли кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, грутчеста и прашкаста материја. По целосно документирање на случаите, како што информираат од МВР, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Во Тетово, на вчера околу 23:40 часот, на улицата „Илинденска“, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Е.Б. (19) од Тетово, откако при преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирањето на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Реклама

Во Битола, вчера во 01:00 часот, на улицата „Партизанска“ во близина на спортската сала, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода С.Т. од Битола, кај кого при преглед била пронајдена марихуана. По целосно расчистување на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.