Реклама

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Музеј – Кавадарци: Во Тиквешко се верува дека на денешен ден за првпат во годината треба да се набере грозје

Во Тиквешко се верува дека на денешниот верски празник Преображение на Господ…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Тиквешко се верува дека на денешниот верски празник Преображение на Господ Исус Христос, за првпат во годината треба да се набере грозје, потсетуваат од Музеј галеријата во Кавадарци, во врска со дел од обичаите во етничкиот предел Тиквеш, како традиција и култура на населението, кои се вкоренети и опстојуваат на овие простори.

– Според народното верување, на 19 август за првпат во годината се бере грозје и се носи во црквата каде што свештеникот по молитвата го благословува. Ова е чин на благодарност кон Господа за сите дарови на земјава. На Преображение во црквата се дава нафора и грозје. Тоа не е нафора во вистинската смисла на зборот, туку само благодарност кон Господа за плодовите – споделуваат од Музејот.

Во народот, велат, постојат повеќе верувања поврзани со овој празник. Притоа истакнуваат дека ова се дел од обичаите во етничкиот предел Тиквеш како традиција и култура на населението во кое се вкоренети и опстојуваат на овие простори.

Реклама

– Поради заладувањето на времето се верува дека на тој ден се преобразува природата. Лисјето на дрвјата почнуваат да венеат, а и водата станува студена поради што на Преображение луѓето за последен пат се бањаат во реките. Очигледно празникот Преображение на Господ Исус Христос има длабока смисла во животот на нашиот народ. Еден важен период од годината кога и времето се преобразува, заладува и тргнува кон есента оставал впечаток и во свеста на нашиот народ, па така нашол место и во неговите верувања и во народните умотворби – додаваат од Музејот.