Реклама

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Македонија

Муртезани: Копенхашките критериуми мора да останат водилка на процесот на проширување

Македонија е целосно посветена на примена на Копенхашките критериуми, кои мора да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија е целосно посветена на примена на Копенхашките критериуми, кои мора да останат водилка на процесот на проширување на ЕУ, изјави денеска во Копенхаген министерот за европски прашања Орхан Муртезани во обраќањето на неформалниот состанок на министрите за европски прашања на земјите членки на ЕУ и државите кандидати за членство. 

– За нас тие (Копенхашките критериуми) не се само услови, туку јазик на демократијата и гаранција дека нашиот напредок ќе се мери според фер и објективни стандарди, а не според билатерални пречки кои не му припаѓаат на јадрото на европската идеја, рече Муртезани во обраќањето на првата работна сесија на состанокот посветена на значењето на Копенхашките критериуми и постепената интеграција во забрзувањето на процесот на проширување на ЕУ.  

Како што соопшти Министерството за европски прашања, Муртезани потенцира дека патот на земјава кон Унијата не е „техничка вежба на усогласување“, туку стратешка неопходност за стабилноста и безбедноста на целиот континент.  

Реклама

Тој потсети дека повеќе од две децении по ветувањето од Солун, европската перспектива на регионот не смее да остане недовршен проект, бидејќи секое ново одлагање не само што го поткопува кредибилитетот на Унијата, туку и ја ослабува нејзината стратешка улога во една крајно неизвесна геополитичка средина. 

Министерот Муртезани се осврна и на концептот на постепена интеграција, оценувајќи дека таа не е замена за членство, туку мост кој ја чува веродостојноста на процесот, додека не се заокружи полноправното членство.  

Муртезани нагласи дека веќе се чувствуваат придобивките од оваа политика преку учеството на студентите во програмата „Еразмус“, пристапот до Единствената зона за плаќање во евра и растечката интеграција во единствениот пазар.  

Сепак, според него, тој процес мора да се продлабочи преку постепено вклучување на земјите кандидати за членство во Европскиот семестар, во механизмите за владеење на правото, во агенциите и програмите на Унијата, како и преку посилна соработка во областа на заедничката безбедносна и одбранбена политика. 

Муртезани нагласи и дека земјава настапува со доверба и со јасна определба дека иднината на регионот на Западниот Балкан е во Европската Унија, потенцирајќи дека на процесот на проширување не треба да се гледа како формално проширување на границите, туку како на заокружување на европската целина, што ја прави Унијата посилна, постабилна и поотпорна.  

Тој во обраќањето додаде и дека европскиот пат на земјите од Западниот Балкан е неразделив дел од безбедноста и кредибилитетот на континентот, а верноста кон Копенхашките критериуми останува најсилната гаранција дека тој пат ќе се движи во вистинската насока. 

Во изјава при пристигнувањето на состанокот, Муртезани порача дека од почетокот на руската инвазија врз Украина, Европската Унија е многу позаинтересирана за процесот на проширување, што особено е видливо со постепената интеграција.  

– Она што треба да го направиме сега е да се осигураме дека напорите што ги вложуваме ќе дадат резултат што е можно поскоро. Сметам дека до 2030 година сите земји кандидатки од Западен Балкан можат да бидат членки на ЕУ, истакна Муртезани. 

Покрај сесијата за проширувањето на ЕУ, во рамки на состанокот се одржа и сесија посветена на зајакнување на алатките на Унијата за владеење на правото, со учество само на министрите од земјите членки. За крајот на состанокот е предвиден работен ручек на кој ќе стане збор за подготовките на ЕУ за понатамошниот процес на проширување и за потребните внатрешни реформи во блокот поврзани со него.