Реклама

Дизелот поевтинува за 4,5 денари – мерките даваат ефект, економијата може да дише

Шестмина приведени во антитерористичка акција, откриена голема количина оружје

Владата ја продолжува до 12 октомври мерката со која ДДВ за дизелот се намалува од 18 на 10 отсто

Регионална конференција за фемицид: секоја година повеќе од 50.000 жени и девојки се свирепо убиени

Македонските институции стануваат сѐ поотворени за граѓаните

Сиљановска-Давкова: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на ЕУ објавува Журнал.мк

„Политико“: Нови патокази за членство за Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина

Стопанската комора со иницијатива регионот здружено да ги надмине бариерите за бизнис со ЕУ

Делчево го намалува долгот – по 20 години се наѕира деблокада на општинската сметка

Сушата и невремето го намалија родот на тутунот

Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК

Фон Дер Лајен ќе го претстави новиот план за проширувањето- Дали е можен пресврт за Западен Балкан?

Македонија

Муртезани го потпиша барањето за претфинансирање на средствата од Реформската агенда

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, по вчерашното овластување на Седницата на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, по вчерашното овластување на Седницата на Владата на Република Македонија, денеска го потпиша барањето за претфинансирање од 7 проценти во рамките на Реформската Агенда на земјата, информираат од Министерството за европски прашања.

Со испраќањето на ова барање во износ од 52,5 милиони евра, додаваат оттаму, Македонија станува првата земја во регионот која ги презема сите неопходни чекори за претфинансирање во рамките на новиот европски финансиски механизам.

–Европската Унија предвидува седум проценти од вкупните средства од Планот за раст на Европската комисија за сите партнери од Западен Балкан, по усвојувањето на нивните Реформски агенди, обезбедувајќи ги средствата како претфинансирање. Оваа финансиска програма, со вредност од шест милијарди евра, ги опфаќа годините 2024-2027 и има за цел двојно да го зголеми економскиот раст на регионот во наредните десет години, појаснуваат од Министерството за европски прашања.

Реклама

Од оваа институција нагласуваат дека остануваат посветени на ефикасното искористување на достапните средства за поддршка на европските интеграции и економскиот развој на земјата.