Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Муртезани: ЕУ е многу позаинтересирана за прием на нови членки 

Видливо е, а особено од почетокот на руската инвазија врз Украина, дека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Видливо е, а особено од почетокот на руската инвазија врз Украина, дека ЕУ е позаинтересирана за прием на нови членки, изјави денеска во Копенхаген министерот за европски прашања Орхан Муртезани пред почетокот на неформалната средба со неговите колеги од 27-те земји членки на ЕУ и државите од Западниот Балкан, Молдавија, Турција и Украина.  

– Европа е многу позаинтересирана, особено со постепената интеграција, за што правиме се што можеме. Она што треба да го направиме сега е да се осигураме дека напорите што ги вложуваме ќе дадат резултат што е можно поскоро. Сметам дека до 2030 година сите земји кандидатки од Западен Балкан можат да бидат членки на ЕУ, додаде Муратезани.  

Според него, денешниот собир во Копенхаген не е само состанок, туку е и порака дека земјите кандидатки за членство не се оставени надвор, туку седат на иста маса со државите членки на ЕУ. 

Реклама

– Тоа е вистинскиот дух на процесот на проширување, истакна Муртезани. 

Тој нагласи дека мотото на собирот „Од Копенхаген, преку Копенхаген, до Копенхаген“ уште еднаш ја испраќа пораката дека постои само еден патоказ и еден сет критериуми за зачленување во ЕУ – Копенхашките критериуми. 

– Поради неколкуте политички пречки Северна Македонија чека предолго, но ние сме посветени на нашата европска иднина и се обидуваме да ја обезбедиме, додаде Муртезани.