Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Македонија

Муцунски: Заложник сме на една некоректна и непринципиелна блокада на нашиот европски пат, тоа е она што сакаме да им го објасниме на нашите колеги во Бугарија

Ние сме заложник на една некоректна и непринципиелна блокада на нашиот европски пат и тоа е она што сакаме да им го објасниме на нашите колеги во Бугарија. Никој нема интерес од ова што се случува во моментот. Губат двете држави економски, политички, губат и граѓаните, народите на двете држави, кога се создава ваков тип […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ние сме заложник на една некоректна и непринципиелна блокада на нашиот европски пат и тоа е она што сакаме да им го објасниме на нашите колеги во Бугарија. Никој нема интерес од ова што се случува во моментот. Губат двете држави економски, политички, губат и граѓаните, народите на двете држави, кога се создава ваков тип на недоверба – истакна денеска во Софија министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, кој претпладнево учествуваше на министерскиот состанок на Партнерството за соработка во ЈИЕ, а попладнево е дел од македонската делегација на самитот на шефови на држави и влади, која ја предводи претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. 

– И најлесниот начин на кој ние можеме да се движиме напред и да ги решаваме нашите меѓусебни прашања е доколку Бугарија ги отвори вратите и дозволи ние да ги почнеме преговорите и да знаеме дека сите предизвици може да се решат, но да бидат принципиелни предизвици. А за прашања, ќе повторам, поврзани со историјата, идентитетот и јазикот, оваа Влада не е подготвена ниту да преговара ниту да разговара за нив – рече Муцунски.

Шефот на македонската дипломатија попладнево ќе ја придружува претседателката Сиљановска-Давкова на билатералната средба со бугарската претседателка Илијана Јотова. 

Реклама

– Сè повеќе е потребен дух на доверба затоа што во моментот треба да бидеме искрени и меѓу себе, а постои висок степен на недоверба од двете страни. И таа почнува со една хистерија од минатото, насочена кон создавање негативна перцепција поврзана со нашата држава, која се прелева и во внатрешната атмосфера кај нас – рече Муцунски.

​Нашите позиции, вели тој, не се променети, но сакаме да градиме дух на позитивна атмосфера.

Токму тоа тој утрово го кажал и пред бугарските новинари. – Реков, многу е лесно да бараме причини што нè делат, но дајте, наместо да се фокусираме на минатото, на ирелевантни прашања за европскиот процес, прашања поврзани со идентитетот, историјата, со јазикот – тие се автохтони прашања на една земја и не треба да бидат дел од европскиот процес, да се фокусираме на она што е релевантно и значајно за нашите две држави, а тоа е заедничката иднина во Европската Унија. Тоа е пораката што ја праќаме од Софија – истакна Муцунски. 

Шефот на дипломатијата рече дека со сите колеги треба да се гради меѓусебна доверба и дека дискусиите треба да продолжат. – Треба да продолжиме да ги користиме можностите и да се среќаваме во мултилатералните формати. Набргу повторно ќе бидеме сите заедно, голем дел од оние што беа присутни денес на НАТО-самитот, така што верувам дека во следниот период ќе има повторно можности да дискутираме и да бараме решенија за сите предизвици – рече тој. 

Во обраќањето на состанокот на министрите за надворешни работи на ПСЈИЕ во рамките на бугарското претседавање рече дека проширувањето веќе не е само технички пристапен процес, туку стратешка инвестиција во безбедноста, стабилноста и конкурентноста на Европа.

Процесот на интеграција, според него, би бил кредибилен кога би се почитувале сите оние резултати и реформи што се направени, а не отстапките.

– Дефинитивно, и тоа е нашата јасна позиција. Прво, она што е апсолутно јасно и тоа го кажувам особено по самитот во Тиват е дека постои огромен прозорец кој се отвора од страна на Европската Унија насочена кон регионот на Западен Балкан. Но исто така она што ние постојано го повторуваме е дека тој прозорец во преден план треба да ги стави земјите што ги исполнуваат реформите поврзани со европските критериуми, но и земјите што имаат целосна усогласена заедничка надворешна и безбедносна политика со Европската Унија – изјави тој. 

Од таа гледна точка, вели Муцунски, ние сме модел земја и нашата држава е држава што спроведува европски реформи на дело и која во делот на надворешната и безбедносната политика е предвидлив и кредибилен партнер. 

ПСЈИЕ одбележува 30 години од формирањето, а од неа дел се 13 земји од регионот и пошироко.