Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Македонија

Муцунски: За уставни измени треба доверба и гаранции, скоро сите земји членки немаат проблем со тоа, освен една

Македонија останува посветена на реформите и исполнување на обврските од Европската агенда со цел членство во ЕУ. Според досегашните резултати земјава е лидер во регионот, а Муцунски очекува тоа да биде валоризирано во извештајот за напредокот на земјава од ЕП. За Муцунски проблем претставува судството, за што очекува да има негативна оценка во извештајот. Тој […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија останува посветена на реформите и исполнување на обврските од Европската агенда со цел членство во ЕУ. Според досегашните резултати земјава е лидер во регионот, а Муцунски очекува тоа да биде валоризирано во извештајот за напредокот на земјава од ЕП. За Муцунски проблем претставува судството, за што очекува да има негативна оценка во извештајот. Тој во целост се согласува со таа забелешка и очекува тука да се спроведат реформи за исполнување на уште еден критериум. Што се однеусва пак до спорот со Бугарија, Муцунски повтори дека очекува гаранции од Европската Унија, дека по внесување на Бугарите во уставот нема да има други препреки за да се реализира патот до Брисел.

„Исто така очекувањето дека соседна Бугарија кога би очекувала ние да го внесеме бугарското малцинство во нашиот устав, најмалку што би можело да направи е да си ги исполни своите обврски согласно меѓународно јавно право, односно   тука мислиме на Европската конвенција за човекови права“, изјави Тимчо Муцунски, министерот за надворешни работи и трговија.  

Како што сподели Муцунски, тој има претчуство дека ЕУ ќе помогне во забрзување на дијалогот помеѓу Софија и Скопје и надминување на пречките, за што Министерот вели дека ние ќе бидеме конструктивни, но очекува ист однос и од другата страна,.

Реклама

„Очигледно е дека во моментов постои сериозен интерес од страна на земјите членки и европските институции за раздвижување на политиката за проширување и доколку тој интерес е искрен секако и за нашиот спор ќе се најде соодветно европско решение“, додаде Муцунски.

Муцунски дополни дека Скопје и Софија ќе разговараат и на настанот во Софија што треба да се одржи подоцна месецов, додека сега во фокусот е самитот ЕУ- Западен Балкан во Црна Гора. За таму, Муцунски очекува од прва рака да го слушне предлогот на Фридрих Мерц, германскиот Канцелар за неговата визија за паралелен пат кон Брисел, со што би можело да се забрзаат процесите за полноправно члество. Делегацијата на самитот во Тиват ќе ја предводи Премиерот Христијан Мицкоски и се очекуваа неколку билатерални средби.