Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Муцунски за акцискиот план за малцинства: Ќе бидат прифатени објективните и применливи забелешки, има тенденциозност во настапот на Бугарија

Сите забелешки за акцискиот план за малцинствата, кои не се тенденциозни и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сите забелешки за акцискиот план за малцинствата, кои не се тенденциозни и се објективно применливи, ќе бидат прифатени, вели министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски. 

Муцунски информира дека има пристигнато забелешки од здруженија на малцинствата во земјата и од страна на Бугарија и дека во моментот се анализираат сите забелешки, а ќе бидат имплементирани оние предлози што се насочени кон подобрување на документот.

– Во сетот забелешки има и објективни што може да се вметнат, а има и забелешки што се тенденциозни, субјективни и не се насочени кон подобрување на документот. Мора да разграничиме меѓу она што може да го примениме и она што не може да го примениме бидејќи замислете – утре го објавуваме документот и во него има нешто што не можеме да го примениме. Истата оваа Бугарија ќе оспорува пред Европската Унија дека не напредуваме во однос на акцискиот план за малцинствата. Мора да ги гледаме овие прашања низ една темелна призма бидејќи ваквите документи создаваат обврски и за државата и за нејзините институции – изјави денеска Муцунски. 

Реклама

Во однос на Бугарија вели дека го разочарува начинот на кој Софија одлучува да комуницира на оваа тема. 

– Фактот дека голем дел од забелешките што доаѓаат од нив не се забелешки дадени во добра верба и не се забелешки што во основата ја имаат објективната слика за состојбите со малцинските права. Има една тенденциозност во настапот на Бугарија и тоа најдобро го видовте преку соопштението од нивното Министерство за надворешни работи за што ние и соодветно одговоривме. Патем, и пристапот кон македонскиот јазик во рамките на оваа објава беше срамен и некоректен – рече Муцунски. 

За самиот акциски план, вели дека е одличен документ за кој може да има објективни забелешки и дека на него работеле домашни и меѓународни експерти, а ангажиран бил и тим од експерти од Советот на Европа. Тоа не е документ за бугарското малсинство, тоа е документ насочен кон подобрување на состојбата со сите малцински права во државата – нагласува Муцунски.

– Имаме изработено одличен документ, кој може да има објективни критики, кои би го подобриле, но напоменувам дека тоа не е документ за бугарското малцинство во државата. Тоа е документ насочен кон подобрување на состојбата со малцинските права во рамките на нашата држава. Сите меѓународни експерти нотираат дека имаме повисоки стнадарди и од голем дел од земјите членки од Европската Унија по ова прашање, но секогаш можеме подобро. Треба да бидеме свесни дека создаваме документ што треба да биде усвоен од Владата и кој ќе треба да го имплементираме. Не е целта сè да се имплементира, ќе ја имплементираме секоја забелешка која е објективна и која државата може да ја примени – рече Муцунски пред средбата со раководството на „Македонија 2025“.