Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Муцунски во Даблин: Проширувањето на ЕУ мора да остане процес заснован на заслуги и јасни критериуми

– Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во рамките на работната посета на Ирска имаше обраќање во Институтот за меѓународни и европски работи IIEA, каде што говореше за европската интеграција, политиката на проширување на Европската Унија и иднината на Западен Балкан. – Потенцирав дека проширувањето мора да остане процес заснован на заслуги, […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во рамките на работната посета на Ирска имаше обраќање во Институтот за меѓународни и европски работи IIEA, каде што говореше за европската интеграција, политиката на проширување на Европската Унија и иднината на Западен Балкан.

– Потенцирав дека проширувањето мора да остане процес заснован на заслуги, јасни правила и објективни критериуми. Кредибилитетот на Европската Унија зависи од нејзината способност да остане доследна на принципите и ветувањата врз кои е изградена – објави Муцунски на „Фејсбук“.

Шефот на макеоднската дипломатија истакнал и дека е потребна нова политичка енергија во процесот на проширување.

Реклама

– Во услови на засилени геополитички предизвици, Западен Балкан не смее да остане на маргините, туку треба да биде составен дел од европската визија за безбедност, стабилност и просперитет. Во пресрет на ирското претседавање со Советот на ЕУ, ја поздравив континуираната и принципиелна поддршка што Ирска ја дава на политиката на проширување и на европската перспектива на регионот. Европа останува наш стратешки избор, а полноправното членство во Унијата наша јасна и непроменета цел – нагласил Муцунски во обраќањето на Институтот за меѓународни и европски работи IIEA во Дабли, одржано во рамките на неговата работна посета на Ирска.