Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Економија

Муцунски: Потпишана спогодба за отворање на претставништво на ЕИБ во Скопје, од независноста досега Банката инвестирала над 1,6 милијарди евра во клучни сектори

Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска се сретнаа со потпретседателот на Европската инвестициска банка, Роберт Де Грот, а по состанокот е потпишана Спогодба за отворање на претставништво на ЕИБ во Скопје. Министерот Муцунски на заедничката прес-конференција со Де Грот во Владата по потпишувањето на документот истакна дека овој чин претставува значаен чекор во продлабочувањето на врските со Европската Унија и унапредување на партнерството со европските институции, нагласувајќи дека од независноста до денес ЕИБ има инвестирано над 1,6 милијарди евра во клучни сектори за стабилен развој на државата.

Денеска, во Владата, заедно со претседателот на Владата, Hristijan Mickoski и потпретседателот на Европската инвестициска банка, Роберт де Гроот, одржавме состанок на кој беше потпишана Спогодба за отворање на Претставништво на ЕИБ во Скопје.

-На мое големо задоволство, денес во Владата, заедно со претседателот на Владата Христијан Мицкоски потпретседателот на Европската инвестициска банка, господинот Роберт де Гроот, одржавме состанок и потпишавме Спогодба за отворање на претставништво на ЕИБ во Скопје – чин кој претставува значаен чекор во продлабочувањето на врските со Европската Унија и унапредување на партнерството со европските институции. Ова е силна потврда на довербата која оваа организација и Европската Унија ја имаат во нашата држава и во нејзиниот економски потенцијал. Од нашата независност до денес, ЕИБ има инвестирано над 1,6 милијарди евра во клучни сектори за стабилен развој на државата – инфраструктура, енергетика, транспорт, поддршка на малите и средните претпријатија, како и подобрување на животниот стандард преку модернизација на јавните услуги, истакна Муцунски.

Реклама

Министерот посочи дека отворањето на ова претставништво ќе овозможи поблиска координација, поефикасна имплементација на проектите и уште поголем пристап до техничка и финансиска поддршка кои овие европски институции ги нудат.

-Од денеска, ЕИБ ќе биде уште поблиску до државните институции, локалната самоуправа и македонските компании – давајќи им поддршка за реализација на нивните развојни инвестиции и проекти. Поблиското присуство на ЕИБ претставува јасен сигнал дека нашата држава се движи во насока на модерна, европска и конкурентна економија, отворена за инвестиции и ориентирана кон долгорочен и одржлив раст. Новата фаза на соработка во која влегуваме денес се совпаѓа со стратешките цели на Владата, забрзување на економската трансформација, поддршка на зелената транзиција, интеграција во европскиот економски и финансиски простор и усвојување на европските успешни практики и стандарди. Нашата заложба останува јасна, да создадеме услови за стабилен раст, нови инвестиции, зголемена конкурентност и поквалитетни услови за живот на граѓаните, рече Муцунски.

Тој изрази, како што рече, искрена благодарност до потпретседателот на ЕИБ, Де Грот и целиот тим на ЕИБ за нивната посветеност и подготвеност да ја продлабочат оваа соработка, поставувајќи основа за нови проекти кои ќе донесат видливи и опипливи резултати во годините што следат.

Де Грот истакна дека е голема чест да се биде во држава, во која ЕИБ е активна со децении, почнувајќи со финансирањето пред многу години на железниците и додаде дека денеска слават една нова одредница, а тоа е потпишувањето на Договор со земја-домаќин.

-Навистина ми е драго што ги формализиравме односите на нашето претставништво и луѓето коишто ги имаме во нашето претставништво во Скопје. Од 1991 година, ние имаме договорено инвестиции од повеќе од 1,6 милијарди евра за поддржување на економијата, инфраструктурата, општините, како и малите и средните претпријатија, но потребно е и да го олесниме нивниот пристап до заеми. Ние навистина сме посветени на ова застапништво. Тоа го започнавме уште во 2022 година и сакаме да биде дел од пристапното патување на земјата, заедно со делегацијата на ЕУ, посочи потпретседателот на ЕИБ.

Тој изрази задоволство што соработката ќе продолжи со досегашниот интензитет во повеќе области, како енергетиката, транспорт, поврзување, транзиција кон обновливи извори на енергија, не само во државава, туку и во соседните земји, при штo особен акцент стави на сигурното снабдување со вода и санитетски услуги. -Она што е од наш особен интерес е третирањето на отпадните води, особено во главниот град, додаде Де Грот.

Дополни и дека партнерството со ЕИБ обезбедува многу средства за малите и средни претпријатија и додаде дека нивните техничари во банките нудат и помош и поддршка за создавање нови проекти и за пренос на знаења во секторите.

-А ова формално препознавање на статусот на ЕИБ во Македонија ќе ни овозможи да ја продлабочиме врската, но и нашето портфолио да порасне во согласност со приоритетите на Владата. Како дел од тим Европа и од новиот план за раст на ЕК , подготвени сме да ги поддржиме нашите македонски партнери при испорачувањето на проекти коишто ќе имаат силно влијание и ќе промовираат одржлив развој, поврзување, зелена транзиција, како и подобрени здравствени и образовни услуги во полза на граѓаните. Уверен сум дека заедно може да изградиме посилна поцврста иднина за Македонија и да помогнеме на вашиот пат кон пристапување кон ЕУ, додаде Де Грот.