Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Македонија

Муцунски оствари средба со Амбасадорот на Суверениот Воен Ред на Св. Јован од Ерусалим

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски утрово го прими Амбасадорот на Суверениот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски утрово го прими Амбасадорот на Суверениот Воен Ред на Св. Јован од Ерусалим, Родос и Малта Франческо Саверио Џусти.

За време на разговорот беше изразено задоволство од успешниот развој на билатералните односи кои се одраз на меѓусебно разбирање и искрена почит. Министерот Муцунски изрази благодарност за досегашните реализирани донации заедно со организираните хуманитарни акции кои оставаат траен белег во зацврстувањето на меѓусебните односи.

Во разговорите со својот соговорник, министерот Муцунски ги поздрави континуираните заложби на Суверениот Воен Ред на Св. Јован од Ерусалим, Родос и Малта на меѓународната сцена, посебно вреднувани заради вековните заложби за воздигнување на хуманоста и меѓусебното разбирање.

Реклама

На средбата беа разменети мислења за можностите за потпишување на рамковен договор за соработка кој би можел да овозможи зголемена соработка во повеќе области кои се во согласност со природата на работата на Редот, како здравство, социјална работа, хуманитарни активности.

https://www.facebook.com/TimcoMucunski?ref=embed_post