Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Муцунски од Дубаи: Македонија е клучна точка каде се вкрстуваат коридорите 8 и 10

Коридорите 8 и 10 се клучната геостратешка предност на Македонија, истакна министерот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Коридорите 8 и 10 се клучната геостратешка предност на Македонија, истакна министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на Светскиот самит за влади во Дубаи. Тој посочи дека Македонија е единствената земја во регионот каде се вкрстуваат двата коридора, што ѝ дава потенцијал да прерасне од транзитна во логистички значајна точка.

Муцунски нагласи дека Коридорот 8 се протега од Италија, преку Јадранското и Јонското Море кон Албанија и Македонија, а потоа од Бугарија до Црното Море, додека Коридорот 10 претставува клучен трговски и инфраструктурен правец од Унгарија, преку Србија и Македонија, до пристаништата Солун и Пиреја.

Министерот потенцира дека за долгорочна стабилност неопходно е отворање кон нови пазари и диверзификација на инвестициите во повеќе сектори, при што најави и повеќе средби во Дубаи во таа насока.

Реклама

Од владина перспектива, диверзификацијата ја оцени како клучна алатка за управување со ризиците – да не се зависи од една индустрија, една рута или еден пазар, туку активно да се проширува соработката, особено со нетрадиционални партнери.

Муцунски оцени дека Европа се соочува со „хиперинфлација“ на законодавството што го отежнува водењето бизнис, додека Обединетите Арапски Емирати ги посочи како пример за ефикасна, флексибилна и дигитализирана администрација, вклучително и користење на вештачка интелигенција, како и законодавство што активно го поддржува развојот на компаниите. Во тој контекст, ја нагласи и важноста на партнерствата меѓу владите.

Во делот на енергетиката, министерот истакна дека се гради гасниот интерконектор со Грција за пристап до течен природен гас од Александруполис, додека се подготвува и владина инвестиција во интерконекторот со Србија, со цел земјата да обезбеди стабилно снабдување и транзит на гас.

Кога станува збор за поврзаноста – енергетска, инфраструктурна и авио-инфраструктурна – клучни се диверзификацијата и јасното разбирање на сопствената позиција и потребите на пазарите, порача Муцунски, нагласувајќи дека овие инвестиции се од суштинско значење за долгорочната иднина на државата.