Реклама

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Македонија

Муцунски: Наследството на Дејтонскиот договор нè потсетува дека дипломатијата може да ги сопре куршумите и да започне обнова на човечки животи

Три децении подоцна, наследството на Дејтонскиот договор нè потсетува дека дипломатијата, поддржана…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Три децении подоцна, наследството на Дејтонскиот договор нè потсетува дека дипломатијата, поддржана со единство и решителност, може да ги сопре куршумите и да започне обнова на човечки животи. Мирот не е крајна дестинација – тој е дисциплина. Процес. Одговорност. Одговорност која мора постојано да се негува, брани и обновува пред новите безбедносни закани.

Ова го истакнал министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во неговото обраќање на панел-дискусијата што се одржа во Дејтон, Охајо, по повод одбележувањето на 30-годишнината од Дејтонскиот мировен договор.

– Ми беше чест да се обратам на овој важен настан, каде што зборував за значењето на договорот за регионалната стабилност, за важната улога на САД во тој процес, како и за придонесот на нашата држава во зачувувањето на стабилноста и учеството во НАТО Алијансата, објави на неговиот фејсбук профил Муцунски.

Реклама

Нагласил дека водството на Америка не е само добредојдено – тоа е незаменливо.

Кога САД преземаат иницијатива, Алијансата стои посилна. Потенцирав и дека Западниот Балкан доживеа суштинска трансформација откако НАТО ги отвори своите врати – и затоа што Вашингтон подаде рака. Ние активно придонесуваме во Алијансата и чекориме заедно напред. Зашто за нас, НАТО не е само безбедносна структура – тоа е морален компас, напиша министерот Муцунски на фејсбук.