Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

Муцунски на средба со македонската дијаспора во Швајцарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, кој престојува во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, кој престојува во неколкудневна работна посета на Швајцарија, синоќа во Женева имаше средба со претставници на македонската дијаспора.

– Посебна чест ми беше, на првиот ден од работната посета на Женева, заедно со бројната македонска дијаспора, да го одбележиме Денот на независноста – 8 Септември. Во обраќањето го нагласив значењето на македонската дијаспора како мост помеѓу двете земји – поттикнувач на поблиски културни и економски врски, но и како чувар на идентитетот и вредностите на нашата земја. Изразив благодарност за сите иницијативи, проекти и активности што произлегуваат од македонската заедница во Швајцарија и ја потврдив решеноста на Владата, институционално и преку конкретни мерки, да ја унапреди врската со Македонците ширум светот, објави Муцунски на Фејсбук.

Шефот на дипломатијата за време на пестојот во Швајцарија, ќе учествува и ќе се обрати на Самитот на млади лидери, во организација на Светскиот економски форум, што се одржува во Женева.

Реклама

Муцунски треба да го отвори Почесниот конзулат на Република Северна Македонија во Женева, а предвидени се и билатерални средби со генералниот директор на Светската трговска организација, со заменикот висок комесар за човекови права, со директорот на Женевскиот центар за безбедносни политики, како и со специјалниот известувач за малцински прашања при Советот за човекови права на Обединетите Нации.