Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Муцунски и Муртезани на средба со Калас во Брисел

Македонија не отспаува од европската агенда и реформите. Предизвиците ќе се надминуваат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија не отспаува од европската агенда и реформите. Предизвиците ќе се надминуваат чекор по чекор – ова е главната порака пренесена во Брисел од страна на шефот на македонската дипломатија  Тимчо Муцунски и министерот за европски прашања Охран Муртезани. Двајцата министри оставарија средба со високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на Европската Унија, Каја Калас. На состанокот се потврдила континуираната посветеност на државата кон европскиот интегративен процес и заедничките напори за продлабочување на партнерството со Унијата во областа на безбедноста и одбраната.

Во Брисел, се разговарало и за реафирмација на целосната усогласеност на македонската Владата со Заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија. Дополнително, биле отворени и прашањата за регионалната поврзаност, со акцент на стратешките инфраструктурни проекти. Меѓу нив, Муцунски го посочи и Коридор 8 како еден од најзначајните за забрзување на економската и транспортната интеграција во регионот.

Муцунски утре на покана на генералниот секретар на НАТО Марк Руте ќе присуствува на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на алсијансата каде главна тема ќе биде војната во Украина и обидите на американскиот претседател Доналд Трам да стави крај на воениот конфликт.