Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Македонија

Муцунски и Колумбиа на состанок за подготовка на новата Рамка за соработка за одржлив развој

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, заедно со Резидентниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, заедно со Резидентниот координатор на Обединетите нации во Република Македонија, Рита Колумбиа, денеска ко-претседаваа со состанокот на високо ниво за подготовка на новата Рамка за соработка за одржлив развој на Обединетите нации и националните институции за периодот 2026-2030. На состанокот присуствуваа Премиерот Христијан Мицкоски и повеќемина ресорни Министри и Заменик министри и претставници од 14 ентитети на ОН во земјата.

На состанокот беше потврдено ставот дека развивањето на националните стратегии и акциски планови ќе ги премости долгорочните обврски со мерливи, краткорочни цели, приспособени на секој контекст.

Реклама

„Инклузивниот ангажман на засегнатите страни е подеднакво суштински. Вклучувањето на локалните власти, граѓанското општество и приватниот сектор од самиот почеток, ќе ја поттикне вистинската соработка, обезбедувајќи успех на нашите заеднички цели кои сакаме да ги постигнеме”, истакната претседателот на владата Христијан Мицкоски во обраќање.

Фокусот на дискусијата беше ставена на националните приоритети во доменот на одржливиот развој и за усогласувањето со глобалните стандарди. Се потврди заложбата за заедничнкиот придонес кон подобрување на квалитетот на животот, владеењето на правото, заштитата на животната средина, социјалната инклузија, намалување на сиромаштијата, создавање услови за економски напредок, намалување на загадувањето итн.

“Оваа Рамка не е само декларација на добри намери, туку истата претставува модел на партнерство насочен кон постигнување на одржлив развој, справување со нееднаквоста и подобрување на иднината на генерациите што доаѓаат. Но, она што навистина ја издвојува оваа рамка е нејзиниот пристап кон луѓето. Ја нагласува инклузивноста, фокусирајќи се на маргинализираните и ранливите заедници, осигурувајќи дека „никој нема да биде изоставен“. За нас, одржливиот развој значи градење општество во кое сите ќе имаат еднакви шанси за напредок, независно од нивната социјално-економска состојба, етничка припадност или местото на живеење“, истакна министерот Муцунски.

Во рамките на своето обраќање постојан координатор на ОН во Македонија, Рита Колумбија подвлече дека во моментов во земјата работат 22 агенции и програми на ОН, притоа додаде дека сите напори на ОН во земјата се дизајнирани да го поддржат спроведувањето на националните приоритети, во согласност со Агендата 2030 за одржлив развој и процесот на пристапување во ЕУ, тесно поврзани и насочени кон подобрување на животните услови и обезбедување подобра иднина за сите.

Во дискусијата, за најсоодветно искористување на поддршката што ја добиваме од системот на ОН, а во насока на реализирање на развојните приоритети, активно учество земаа Министрите и Заменик министрите од Владата.