Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

Муцунски и Борел ќе потпишат Договор за безбедносно и одбранбено партнерство

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска во Брисел…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска во Брисел заедно со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел ќе потпишат Договор за безбедносно и одбранбено партнерство меѓу Македонија и Европската Унија.

Се очекува овој Договор за партнерство да ја зајакне отпорноста на земјата и да овозможи заедничко справување со безбедносните предизвици и поефикасна соработка во сферата на безбедноста и одбраната.

Церемонија на потпишување на Договорот, ќе се одржи на маргините на заседанието на Советот за надворешни работи на ЕУ на ниво на министри за одбрана, на кое ќе се расправа за поддршката на Унијата за Украина и за одбранбената подготвеност на блокот.

Инаку, како дел од досегашната соработка ЕУ во рамки на Европскиот мировен фонд (ЕПФ) во септември годинава одобри 13 милиони евра помош наменети за зајакнување на капацитетите и способностите на Македонската армија.

Доделените средства се наменети за набавка на технологии за разузнавање, надзор, извидување, електронско војување и сигнално разузнавање, на логистичка и инженерска опрема, како и на комуникациски и информациски системи, а со нив ќе се обезбеди и техничка обука за користење на опремата.

Како што соопшти Советот на ЕУ, овие средства ќе ги зајакнат македонските капацитети за нејзино учество во операциите и мисиите во рамки на заедничката безбедносна и одбранбена политика на Унијата, како и други меѓународни мисии и таа помош дополнително ја илустрира зголемената поврзаноста на блокот со земјава во областа на безбедноста и одбраната.

– Таа ја одразува доследната посветеност на партнерите за унапредување на соработката во оваа политичка област, имајќи ја предвид целосната усогласеност на Македонија со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, наведе тогаш Европскиот совет.

Во извештајот на Европската комисија за напредокот на земјава на европскиот пат за 2024 година се наведува дека „Македонија остана целосно усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, вклучително и во однос руската агресивна војна против Украина, испраќајќи силен сигнал за нејзиниот стратешки избор за пристап во ЕУ и докажувајќи се уште еднаш како доверлив партнер“.

Преку Европскиот мировен фонд (ЕПФ), ЕУ финансира активности наменети за зајакнување на капацитетите на трети држави и регионални и меѓународни организации поврзани со воени и одбранбени прашања. Фонд е основан во март 2021 година со цел да овозможи финансирање на активности во рамките на заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, насочени кон спречување конфликти, зачувување на мирот и зајакнување на меѓународната безбедност и стабилност.