Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Прилози

Mуцунски: EУ и НАТО да прикажат долгорочна стратедија, што ќе донесе целосна интеграција на земјите од Западен Балкан

EУ и НАТО да прикажат долгорочна стратедија, што ќе донесе целосна интеграција…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

EУ и НАТО да прикажат долгорочна стратедија, што ќе донесе целосна интеграција на земјите од Западен Балкан. Во време кога регионот сведочи на злонамерни структури кои се обидуваат да ја загрозат демократијата, да го нарушат евроатлантскиот курс, прават притисоци и имаат антизападни наративи – дипломатите со јасна порака – Европската унија се соочува со потреба да ја засили својата стратешка автономија, да обезбеди поголема отпорност, а НАТО, да работи на одржување на колективната одбрана и стабилност, во период кога глобалните тензии се во пораст.

Во регионот на Западен Балкан сведочиме на засилени активности на злонамерни актери кои настојуваат да ги нарушат демократските процеси преку економски притисоци, политички влијанија и дезинформациски кампањи. Антизападните наративи кои се јавуваат во делови од регионот имаат за цел да ја ослабнат довербата во институциите и да го доведат во прашање европскиот и евроатлантскиот курс. Овие трендови бараат интензивна, долгорочна и координирана реакција и од НАТО и од Европската Унија. Нашето барање е обезбедување на долгорочна стратегија од НАТО и ЕУ за регионот, која ќе резултира со целосна интеграција на земјите од Западен Балкан во структурите на НАТО и ЕУ, рече Муцунски.

Конференцијата во Министерстовто за надворешни работи на едно место собра високи државни чинители, амбасадори и експерти од областа на  безбедноста и меѓународните односи од земјава, регионот, светот…  Меѓу темите беа војната во Украина, односите со Кина, случувањата на Блискиот Исток.

Реклама

За да биде Европската Унија силна, безбедна и целосна, потребно е што поскоро пристапување на земјите од ЗБ. Потпретседателот на Собранието ги посочи и проблемите со кои земјава се соочува на патот кон ЕУ но и порастот на евроскептицизмот.

Кога зборуваме за евроскептицизмот, тема која се разговара периодов, морам да кажам дека тоа се должи на нашиот пат кон ЕУ и сите предизвици кои ги имавме. Не убедуваа цело време, дека наскоро ќе почнеме преговори, но се уште не се случило ништо – рече Милошоски.

Членството во ЕУ за нас би претставувало клучен механизам за зајакнување на нашата безбедносна, економска и институционална отпорност. Придобивките од членството во НАТО пак, преку видеообраќање ги посочи и заменик-генералната секретарка на НАТО, Радмила Шеќеринска.