Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Македонија

Муцунски: Заштита на националните интереси, економската дипломатија и заштата на граѓаните што живеат надвор од границите – стратешки приоритети на дипломатијата

Заштита на македонските национални интереси, потенцијалот на дипломатско-конзуларни претставништва во делот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заштита на македонските национални интереси, потенцијалот на дипломатско-конзуларни претставништва во делот на економската дипломатија и заштита на граѓаните што живеат надвор од границите на нашата држава се трите стратешки национални интереси, кои денеска ќе им бидат презентирани на членовите на амбасадорскиот совет – информира министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

Пред одржувањето на амбасадорскиот совет, на кој треба да се обрати и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, Муцунски во изјава за медиумите истакна дека целта во рамките на оваа сесија со претседателот на Владата е нашите амбасадори и генерални конзули изворно да слушнат кои се приоритетите за следната година и да добијат насоки за постапување по однос на нашите клучни стратешки национални интереси.

-​ Прво е заштитата на македонските национални интереси. ​Второ е користењето на потенцијалот на нашите дипломатско-конзуларни претставништва во делот на економската дипломатија, но и стимулирање на трговијата, односно извозната компонента на нашата економија. ​Третата е заштитата на интересите на нашите граѓани надвор од нејзините граници – независно дали се тоа Македонци што живеат надвор од нашата држава или се тоа наши граѓани што патуваат од разни причини. И во таа смисла тука зборуваме, пред сè, за конзуларните услуги и потребата од нивна модернизација, подобри услуги за Македонците надвор од границите на државата – изјави Муцунски. 

Реклама

Прашан за кои пазари гледа најголем потенцијал, Муцунски со одговор дека нема никаква дилема оти клучен наш пазар за економска соработка се земјите во Европската Унија. 

– Тој ни е најзначаен трговски партнер – земјите членки на Европската Унија. Но, еднакво значајно во последниот период и импетусот, кој го даваме насочен кон засилена трговска соработка со Соединетите Американски Држави. Неодамна беше тука во посета претседателката на Индија. Индија исто така е еден значаен пазар. Земјите од Арапскиот Залив се исто така земји со кои гледаме интерес и гледаме засилена соработка во следниот период. ​Така што, секако примарна ни е соработката со оние традиционални трговски партнери, но отвораме можности и за нови пазари и тоа се дел од приоритетите на нашите дипломатско-конзуларни претставништва – рече Муцунски. 

Претседателот на Владата, Мицкоски, пред почетокот на амбасадорскиот совет вели дека тоа што е стратешка определба на Министерството за надворешни работи е стратешка определба и на Владата и, како што рече, „тука не треба никој да има дилема“. – Она што го кажа министерот е апсолутно усогласено со политиките на Владата, така што дел од пораките што јас денеска ќе ги зборувам пред нив е содржан во тие три столба – изјави Мицкоски.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: