Реклама

Филипче куртули: Обвинителството ја затвори предистрагата за набавката на модуларните болници за време на ковид кризата

„Сејф сити“ ги стигна и станците: Казните ги чекаат на Табановце, над 33 илјади прекршоци

Попустите остануваат – и оваа година поевтин училишен прибор за учениците

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Мицкоски не сака да губи време со Радев: На заедничка маса само за конкретни разговори и решенија

Летото не попушта, нов топлотен бран во Македонија

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се полни солидно

Леб по 126 денари, 250 неупотребливи душеци – пропусти во јавните набавки на студентскиот дом „Пелагонија“

Мицкоски: БДП расте побрзо од јавниот долг, споредбата со СДСМ и ДУИ покажува далеку подобри економски резултати

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Македонија

Муцунски пред дипломатската мрежа: Светот се менува бргу, а малите и средните држави немаат луксуз да бидат пасивни

Брзите промени во меѓународното опкружување ја потврдуваат потребата од натамошно јакнење на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Брзите промени во меѓународното опкружување ја потврдуваат потребата од натамошно јакнење на модерна, активна, професионална и самоуверена дипломатија, која навремено ги препознава предизвиците и можностите, отвора врати, создава партнерства и јасно ги застапува националните интереси. Ова го истакна министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, кој денеска во Скопје се обрати на отворањето на амбасадорскиот совет, на кој присуствуваа шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва на државата.

Како што соопшти МНРиНТ, на отворањето се обратил и министерот за надворешни работи на Чешката Република, Петр Мацинка.

– Светот се менува бргу, а малите и средните држави немаат луксуз да бидат пасивни. Затоа ни е потребна дипломатија која предвидува, отвора врати, создава партнерства и јасно и достоинствено ги штити нашите национални интереси – истакна Муцунски.

Реклама

Посебен акцент бил ставен на европската интеграција и на потребата континуирано да се надградува политичкиот ангажман на дипломатската мрежа во земјите членки на Европската Унија.

– Бараме фер, предвидлив и кредибилен европски процес, заснован на резултати, европски принципи и заемно почитување. Поддршката не се создава со една посета – таа се гради систематски – нагласил Муцунски.

Во таа насока, била потенцирана важноста од продолжување и продлабочување на контактите со владите, парламентите, политичките партии, бизнис-заедницата, медиумите, академската заедница и другите релевантни општествени чинители.

Во делот на безбедноста, Муцунски потенцирал дека НАТО останува темелот на нашата безбедност и дека државата ќе продолжи да придонесува како кредибилен сојузник кон колективната одбрана, трансатлантското партнерство и стабилноста на регионот. Воедно, ќе продолжи продлабочувањето на односите со стратешките партнери, регионалната соработка и градењето конструктивни односи со соседите.

Значаен дел од обраќањето бил посветен и на натамошното зајакнување на економската дипломатија. Врз основа на досегашните активности на дипломатско-конзуларните претставништва, целта е дополнително да се зголемат конкретните економски резултати – повеќе инвестиции, поголем извоз, отворање нови пазари, нови партнерства и дополнителни можности за домашните компании и граѓаните.

Во фокусот биле и натамошната модернизација на конзуларните услуги, дигитализацијата и врските со дијаспората, при што Муцунски нагласил дека континуираното унапредување на услугите и комуникацијата со граѓаните претставува важен сегмент од градењето доверба во институциите.

Дијаспората, пак, била истакната како значаен човечки, економски и интелектуален потенцијал, при што била нагласена потребата и натаму да се развиваат механизми преку кои нашите успешни граѓани во светот ќе може полесно да инвестираат, да споделуваат знаење, да создаваат контакти и да придонесуваат кон развојот на државата.

Муцунски нагласил дека целта на амбасадорскиот совет е досегашната работа и искуство на дипломатската мрежа да се преточат во уште подобра координација, поголема иницијатива и конкретни резултати.

– Силната дипломатија не се мери според бројот на средби што сме ги одржале, престолнините што сме ги посетиле или документите што сме ги потпишале. Таа се мери според интересите што сме ги заштитиле, партнерствата што сме ги изградиле, вратите што сме ги отвориле, инвестициите што сме ги донеле и можностите што сме ги создале за нашата држава и за нашите граѓани – заклучил Муцунски во обраќањето пред дипломатите.