Реклама

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Собранието оддаде почит на жртвите од Сребреница

Побрз транспорт на стока во ЕУ преку Хрватска

ВМРО-ДПМНЕ фрли ракавица на СДСМ и Левица: Ќе прифатат се што ќе понуди опозицијата, само да гласа дијаспората

Николоски: Работиме на железничко поврзување на Македонија со Албанија и воведување меѓуградски возови

Ниски политички удари во Собранието- Битиќи ги навреди сметководителите, во обид да ја омаловажи министерката за финансии

Рекорден раст – речиси два милиони патници на македонските аеродроми во првите шест месеци од годинава

Енергетската независнот врвен приоритет, интензивно се реализираат повеќе преокти

Филмската магија на „Преку езерото“ освен во Дојран, годинава за прв пат и во Гевгелија и во Струмица

Интерпол ќе ги обучува идните полицајци како да се борат со организираниот криминал

Експерти: Инфлацијата под контрола, се очекува поефтинување на потрошувачката кочничка

300 милиони евра за локални проекти: Нови улици, училишта, градинки и инфраструктура низ општините

Економија

МТСП со упатство за корисниците на социјална помош, детска заштита и згрижувачките семејства – клиенти на „Еуростандард банка“

Министерството за труд и социјална политика ги известува корисниците на парични права…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за труд и социјална политика ги известува корисниците на парични права од социјална и детска заштита и згрижувачките семејства кои биле клиенти на „Еуростандард банка“ АД Скопје и средствата ги добивале на картичка, ги подигнувале на шалтерите на Банката, или ги добивале во својот дом, како и оние што ги подигнувале на шалтерите на „АД Пошта на Северна Македонија, заради продолжување на навремена и редовна исплата дека е потребно следново:

-Доколку покрај трансакциската сметка во „Еуростандард банка“ АД Скопје корисникот има трансакциска сметка и во друга банка (освен „Охриска банка АД Скопје“), да се обратат во таа банка заради поврзување на трансакциската сметка со социјалниот број, за да продолжи исплата на правото преку таа банка.

Доколку корисникот нема отворено трансакциска сметка во друга банка, потребно е да отвори нова трансакциска сметка во некоја од банките во земјата  (освен „Охриска банка АД Скопје“)  заради поврзување на трансакциската сметка со социјалниот број, за да продолжи исплата на правото преку таа банка

Реклама

Корисниците на парични права од социјална и детска заштита и згрижувачите, при поврзување на постоечката трансакциска сметка, односно отварање на нова трансакциска сметка, задолжително треба да го известат вработеното лице во банката дека преку трансакциската сметка  сакаат понатаму да им се врши исплатата на правото.

Се известуваат корисниците на парични права од социјална и детска заштита и згрижувачите, поврзувањето на постоечката трансакциска сметка, односно отварање на нова трансакциска сметка треба да го направат најдоцна до 25.08.2020 година, заради навремена исплата во месец септември 2020 година.

Корисниците на парични права од социјална и детска заштита и згрижувачките семејства нема потреба да одат во центрите за социјална работа за да земаат социјален број.