Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Мрежарината за струјата може да се намали во декември- ако малите фирми одат на слободен пазар тоа ќе биде олеснување за сите

Дали и за колку ќе поскапи струјата за домаќинствата и малите потрошувачи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дали и за колку ќе поскапи струјата за домаќинствата и малите потрошувачи од 1 јули се уште е неизвесно. Ден пред затворање на аукцијата на која производителите треба да ги достават понудите по кои ќе и ја продаваат струјата на ЕВН Хоум, јавноста е во дилема, но и исчекување на крајниот биланс. Државната ЕСМ, која по правило досега нудеше најевтина производствена цена понудила 5% повеќе, односно наместо досегашните 57, сега бараат 60 евра за мегават час.  

За конечната одлука треба да пресече Регулаторна комисија за енергетика чии пресметки ќе одредат дали и колку би зинесувало евентуалното поскапување. Она што се знае е дека простор за намалување на мрежарината, засега е невозможно. Така барем тврди опрвиот човек на регулаторна, кој не се согласува со ставовите на дел од експертската јавност која сугерира интервенција во оваа ставка:

Мрежарините ќе ги определиме цените кон крајот на декември освен ако нема драматични промени, но она што гледам постојано се збори за надоместокот, но ако се укине тој надоместок ќе значи намалување на евтината тарифа по 15 отсто, но да се кажуваат невистини дека таков надоместок немало никаде во свет е срамота, претседател на регулаторна комсија за енергетика

Реклама

И да се прифати поскапата понуда на ЕСМ, струјата може и да не поскапи, но тоа ќе зависи од цената која ЕВН Хоум ќе треба да ја плати за набавката на струја на слободниот пазар. Соодност за ова е следен. Од ЕСМ се набавува 85% од потребите, а останатото на слободниот пазар. Токму ова според Бислимовски е причината за присутната неизвесност поради која се уште не можед а се предвиди ништо поконкретно.  Според не, притисокот врз цената на струјата за домаќинствата може да се намали ако малите фирми се префрлат на слободен пазар кои сега се снабдуваат на регулираниот пазар.

Инаку, од ВМРО – ДПМНЕ како идна Влада порачаа дека нема да дозволат ценовен шок за граѓаните. Христијан Мицкоски како иден премиер веќе порача дека доколку побарувањето на ЕСМ донесе поскапи сметки за граѓаните, ќе ја врати цената со тенденција дури и на намалување, но кога ќе почне новиот период на регулирање а тоа е од први јануари. Мицкоски очекува дека во новата цена на струјата ќе влијае и профитната маржа на универзалниот снабдувач која сега е 9,9 % , а претходно беше 11 отсто, што во крајната формула нема да донесе повисока сметка.

Иако праксата вели дека дека државните електрани досега давале најниска понуда. Сепак тендерот ќе биде затворен утре кога завршува аукцијата по што ЕВН Хоум треба да ја понуди новата цена на струјата, а последниот збор кон крајот на месецов ќе го има регулаторната комисија за енергетика.