Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Прилози

Морал да се снајде некако- Ковачевски со 2.500 евра пари месечно ја „лечи“ болката по премиерската фотелја

Тежок е животот без премиерска фотелја барем за Димитар Ковачевски, му требале…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Тежок е животот без премиерска фотелја барем за Димитар Ковачевски, му требале 2.500 евра државни пари секој месец, додека да се снајде без функција. На поранешниот премиер не му било незгодно што побарал апанажа, се било законски, парите им следувале на сите функционери. Како пример ги даде и пратениците. Морало да живеат некако додека да најдат нова работна позиција ако останат без место во Собрание.

-Кога работите и во приватна компанија и на именувани функции, тогаш исто така следуваат такви договорни обврски, во кои се дава одреден период за да може кариерата да се насочи во друга насока. Така да, не би сакал да давам популистички изјави дека нешто не треба да се прави, бидејќи таа се однесува на многу избрани и именувани функционери. На пример има луѓе кои што седат четири години во Парламент и кои што после тоа ако не се веќе во Парламент, треба да направат трансфер на својата кариера во некоја друга област, изјави Ковачевски

Тоа што побарал апанажа според Ковачевски било доказ дека не биле точни тврдењата дека имал свои приватни бизниси, иако и самиот претходно потврди дека неговата сопруга е косопственик во компанија за производство на струја. Но, таа била само нејзина, а тој немал информации.

Реклама

-Гледајте вие бевте сведок дека јас бев обвинуван дека сум имал свои компании, свои фирми итн. Тоа опозицијата постојано го истакнуваше, меѓутоа се потврди дека јас ниту имам свои компании, ниту имам свои бизниси. Имаше медиуми кои што тоа го пренесуваа без воопшто да ми се јават, со ова се потврди дека тоа било лага, изјави Ковачевски.

Инаку, тивко, без голема врева на комисиска седница владејчкото мнозинство ги обезбеди Ковачевски и поранешениот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски со апанжа од 2 ипол илјади евра во следните 12 месеци. Седум народни избраници изласаа  и службено возило за поранешниот претседател на Владата. Само еден ден откако ја напуштија Илинденска, Ковачевски и Спасовски доставиле барање за апанажа до Комисијата на изборите и именувањата која пак на 6-ти февруари даде зелено светло.

Матеја Петровски