Реклама

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

5,4 милиони евра за 1400 нови вработувања

Мицкоски: Од понеделник се намалуваат акцизите за горивата, се бараат начини да поевтини струјата

Државата плаќала, Мирчевски приватно летал и се возел – обвинение за екс-директорот на СОЗР

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Прилози

Монтажерите ја „насанкаа“ Богданка Кузеска: Грешките на партиските служби ја урнаа фабриката за лажни вести на СДСМ

Фабриката за лажни вести на СДСМ се урива како кула од карти.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Фабриката за лажни вести на СДСМ се урива како кула од карти. Мало невнимание на задоклежните за видео продукција ја откри целата фарса – опозициската партија сама си поставува и сама си одговара на новинарски прашања. Грешката на монатажерите ја „насанка“ портпаролката Богданка Кузеска.

-Може… тоа е уште една скандалозна изјава на Трајко Славевски, кажа Кузеска.

По првиот лапсус таа реши да се поправи, но партиските служби не се поправија, па повторно ја пуштија грешката на портпаролката.

Реклама

-Граѓаните имаат мака да… Уште еднаш може, не гледам…. Тоа е уште една скандалозна изјава на Трајко Славевски, кажа Кузеска.

Кузеска реши да се повтори и трет пат и сето ова се гледа во интегралното видео кое беше објавено.

-Тоа е, чекај грешка има. Дај… Може ајде… Може… Тоа е уште една скандалозна изјава на Трајко Славевски, кажа Кузеска.

Инаку, пресот на Кузеска воопшто и не беше највен односно медиумите не беа поканети. Па оттука немаше ни можност да присуствуаат новинарите кои можеби и ќе го поставеа прашањето кое партијата сакаше да го одговори.

На јутјуб профилот на СДСМ, покрај видеото со грешките на партиската портпаролка, објавено е и видео каде одговорот на прашањето кое што го нема е без никаква грешка.

Матеја Петровски