Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Македонија

МОН: Вештините стекнати со неформално и искуствено учење ќе може да се валидираат преку регионалните центри за стручно образование и обука

Покрај функционирањето како образовни установи за задолжително средно образование, сите седум регионални…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Покрај функционирањето како образовни установи за задолжително средно образование, сите седум регионални центри за стручно образование и обука од денеска може и да ги валидираат знаењата и вештините на повозрасната популација стекнати преку неформално и искуствено учење, соопшти Министерството за образование и наука. 

МОН информира дека 19 советници за неформално образование и искуствено учење и 20 проценувачи од регионалните центри за стручно образование и обука во Битола, Тетово, Куманово, Велес, Охрид, Струмица и во Штип, успешно ја завршија обуката која во изминатиот период ја спроведе ЈУ Центар за образование на возрасните.

Во Министерството за образование и наука тие денеска ги добија сертификатите со кои ќе може да ги валидираат знаењето и вештините на повозрасните граѓани.

Реклама

Министерката за образование и наука Весна Јаневска истакна дека ова е уште една потврда за успешното функционирање на регионалните центри за стручно образование и обука.

– Во иднина сите граѓани што ќе сакаат да добијат формален документ за стекнатите знаења и вештини во текот на годините надвор од училиштето, ќе може да го сторат тоа во еден од седумте центри. Сертификатот што ќе го добијат ќе може да им послужи за понатамошно професионално и кариерно напредување – посочи Јаневска.

МОН наведува дека оваа новина е утврдена во Законот за образование на возрасните. Освен валидација на неформалното образование, регионалните центри за стручно образование и обука ќе спроведуваат и преквалификација и доквалификација на работници.