Реклама

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Дивите депонии го гушат Охрид – екоактивистите апелираат да се казнува

Владата е подготвена да интервенира доколку има значителни промени на светските берзи на нафта

Скопје се сеќава – 63 години од катастрофалниот земјотрес

Гостивар утре ќе добие технички исправна вода

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Македонија

МОН почнува со посета на универзитетите во рамките на јавната дебата за Законот за високото образование

Министерството за образование и наука од денеска почнува со посета на универзитетите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за образование и наука од денеска почнува со посета на универзитетите во земјава во рамките на јавната расправа за Законот за високото образование.

Како што најави министерката за образование и наука Весна Јаневска, МОН ќе има средба со сите професори што ќе сакаат да присуствуваат на јавната расправа, каде што ќе бидат дискутирани спорните членови.

Одговарајќи на новинарско прашање на традиционалната прослава по повод празникот Свети Трифун на Опитното поле на Факултетот за земјоделски науки и храна при Универзитетот „Св. Кирил и Методи

Јаневска, одговарајќи на новинарско прашање на традиционалната прослава по повод празникот Свети Трифун на Опитното поле на Факултетот за земјоделски науки и храна при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, рече дека јавната дебата за Законот за високото образование сè уште не е завршена и дека Министерството очекува официјални забелешки од универзитетите и најави дека неделава, по договор со универзитетите, Министерството ќе оди во нивна посета на јавна расправа.

Реклама

– Сè уште не е завршена јавната дебата, сè уште очекуваме забелешки. Ние добиваме на ЕНЕР, добиваме и преку имејлот, но очекуваме и универзитетите официјално, по кој било пат, да ги достават своите интегрирани забелешки бидејќи делот не се повторува. Сè што сметаме дека е разумно, ќе биде прифатено. Сè што сметаме дека можеби ќе претставува проблем, ќе биде дискутирано. Тоа значи средба на Министерството за образование и наука со сите професори што ќе сакаат да присуствуваат на јавната расправа, каде што ќе ги дискутираме спорните членови, и гледам дека во најголем број нема никакви забелешки. Спорни остануваат неколку членови за кои треба да се договориме и да дискутираме – рече Јаневска.

Јаневска посочи дека Македонија веќе нема време за просечни и потпросечни резултати. – Потенцирам, ние веќе немаме време да си играме со образование и наука. Немаме време за просечни и потпросечни резултати што нè доведуваат во оваа ситуација. Мора да тргнеме напред. Министерството и законски и финансиски поддржува напредок, рече Јаневска.