Признанија за најуспешните наставници и училишта кои ја завршија обуката за вештачка интелигенција, реализирана во партнерство меѓу Министерството за образование и наука и Brainster Next, ќе бидат доделени денеска во кампусот на Brainster Next во Скопје.
На настанот ќе се обрати министерката за образование и наука Весна Јаневска, а ќе бидат одликувани наставници и училишта кои постигнале најдобри резултати во програмата за обука за примена на вештачката интелигенција.

