Реклама

Корупцијата под лупа – институциите го стегаат обрачот околу поткупот

Македонската царина спречи милионски шверц на Богородица

Скопскиот градоначалник најави бесплатни униформи за сите средношколци во прва година

Македонија е прва во Европа по зголемениот број на туристи

37 нови градинки ќе бидат отворени до крајот на оваа и текот на следната 2027-ма година

Комисијата за заразни болести ќе даде препораки за заштита од западно-нилска треска, откако за една недела има нови 8 случаи

Разговори може, Бугари во Устав по бугарски терк не може: Македонија се уште жртва на капитулациите на Ковачевски и Османи

Инфраструктруните проекти да останат меѓу приоритетите, велат експерти за Алфа

Мицкоски: Очекувам пониски цени на горивата следната недела

Цените на нафтата на светските берзи продолжуваат да паѓаат и натаму сме најевтини во регионот

Гостивар под надзор поради ризик од хепатит А и Е

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Македонија

МОК во работна посета на Струмица: Интензивна поддршка за развој и унапредување на локалниот спортски екосистем

Делегација на Македонскиот олимписки комитет (МОК), предводена од претседателот Даниел Димевски, оствари…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Делегација на Македонскиот олимписки комитет (МОК), предводена од претседателот Даниел Димевски, оствари работна посета на Општина Струмица со цел мапирање на состојбите во струмичкиот спорт и воспоставување системска соработка. Во делегацијата беа и генералниот секретар Ѓорѓи Тасев, како и раководителите Петар Спасеновски (Сектор спорт) и Сашо Поповски (Меѓународна соработка).

Централен настан, како што информираат од МОК, беше работната сесија со локалната спортска фела – тренери, поранешни спортисти, професори по физичко образование и претставници на клубовите.

-Во исклучително конструктивна атмосфера, отворено се дебатираше за реалните проблеми, при што не изостанаа ниту издржаните критики. Присутните го поздравија проактивниот теренски пристап на МОК како клучен чекор за креирање успешни спортски политики, соопшти МОК.

Реклама

Делегацијата, се наведува во соопштението, оствари средба и со градоначалникот Петар Јанков, кој, придружуван од советникот за спорт Ристо Ристов, ги презентираше актуелните предизвици и амбициозните инфраструктурни проекти кои општината ги планира за наредниот период.

-Претседателот на МОК, Даниел Димевски, јасно порача дека поддршката за Струмица нема да биде само декларативна. Беше најавено интензивно вклучување на МОК преку стручна и едукативна помош за спортските кадри, имплементација на програми за идентификација на таленти и јакнење на капацитетите на клубовите, се посочува во соопштението .

Оваа средба, се додава, е силен импулс за создавање одржлив и модерен систем кој ќе генерира нови спортски надежи и ќе го врати сјајот на струмичкиот спорт.