Ансамблот на Македонскиот народен театар (МНТ) вчеравечер настапи на отворањето на 22. Меѓународен фестивал на актерот во Никшиќ, Црна Гора, каде ја изведе претставата „Страв и надеж“, во адаптација и режија на Татјана Мандиќ Ригонат.
Изведбата, како што велат од МНТ, била проследена со срдечен аплауз од публиката, која со топол прием ја поздравила посветеноста и уметничката енергија на македонскиот ансамбл.
Од МНТ истакнуваат дека актерите ја споделиле сцената со никшичката публика со искрена емоција и почит, а гостувањето го одбележала прекрасна театарска атмосфера и срдечно добредојде.
Во претставата играле Сашко Коцев, Сашка Димитровска, Александар Микиќ, Дарја Ризова, Наталија Теодосиева, Никола Ристановски, Тони Михајловски, Тања Кочовска, Дамјан Цветановски и Нела Павловска.

