Реклама

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Македонија

МНРиНТ: Пет македонски семејства побарале помош за евакуација од подрачјата зафатени со пожарите во Грција

До овој момент вкупно пет македонски семејства побарале помош или асистенција при…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

До овој момент вкупно пет македонски семејства побарале помош или асистенција при евакуација од подрачјата зафатени со пожарите во Грција, според информациите од дипломатско-конзуларното претставништво во Солун, информираат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

-Во координација со надлежните грчки власти, тие биле упатени кон најблиските точки определени за оваа намена, каде што биле згрижени и останатите туристи, наведуваат од Министерството.

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија уште еднаш апелира до македонските државјани кои се наоѓаат во погодените подрачја и имаат потреба од помош да се обратат на дежурниот телефонски број на Министерството **+389 75 268 736**, на електронската адреса **[[email protected]](mailto:[email protected])**, како и на дежурните телефонски броеви на Конзулатот на Македонија во Солун: **+30 694 526 8068** и **+389 71 323 001**.

Реклама

-Воедно, ги потсетуваме македонските државјани кои се наоѓаат во засегнатите подрачја внимателно да ја следат состојбата и да ги почитуваат упатствата и насоките на надлежните локални власти, додаваат од МНРиНТ.