Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

МНР: Мајка и три деца утре ќе бидат евакуирани од Тел Авив

Уште четворица македонски државјани – мајка со три деца – утре ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Уште четворица македонски државјани – мајка со три деца – утре ќе бидат евакуирани од Израел со лет од Тел Авив до Атина, информира Министерството за надворешни работи.

„Министерството за надворешни работи информира дека за утре е потврдена евакуација на четири лица, односно едно семејство (мајка и три деца). Местата се обезбедени преку Министерството за транспорт на Израел, во рамките на организираните летови кои се користат за евакуација на странски државјани од Израел. Летот е планиран од Тел Авив до Атина“ – соопштија од МНР.

Според Кризниот штаб во Министерството, моментално уште 25 македонски државјани чекаат евакуација. Но, не сите се подготвени да ја напуштат земјата веднаш. Се очекува во наредните денови дополнителен број наши државјани да добијат можност за евакуација од Израел.