Реклама

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Економија

Многу дупки, малку асфалт, стотици милиони потрошени – како градеше власта на СДСМ и ДУИ?

Почнаа мандат со оро и чочек за 28 километри, си одат со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Почнаа мандат со оро и чочек за 28 километри, си одат со фалби за неколку закрпени дупки. Седумгодишното владеење на СДСМ и ДУИ завршува со многу фалби и најави а со катастрофални резултати во делот на патната инфраструктура. Од ветената модернизација, граѓаните и стопанството виде само влошена инфраструктура и потрошени стотицви милиони евра за неколку рехабилитации и проекти кои се на хартија…

Ковачевски не направи ништо за да го исполни ветувањето на Заев од кого го наследи премиерското столче.  Ниту се изградија 600 км нови автопати, ниту пак излеговме на Бургас на Црно Море и на Драч на Јадранско море. Но затоа последниот ден од мандатот, власта го искористи да се пофали со реконструкција на државниот пат Скопје- ГП Блаце во должина од 10 км, кој всушност требаше да биде автопат. Но од овој проект, ќетири години се чека на првите два километра, а останатото е заглавено во процедурата за избор на градежна фирма.

Вицепремиерот за економски прашања се правда дека проблемот со патиштата во Македонија бил што немало проектански капацитети:

Реклама

Освен автопат до Блаце, јавноста со години чека на реализација на автопатот  Кичево – Охрид, кој и покрај сите ветувања и пробиени рокови не се изгради. И покрај потрошените над 600 милиони евра, патот е руина, а вината за тоа според власта биле свлечиштата. Дополнително е  еизвесдно дали и кога ќе продолжи зиградбата за што во тек се преговори со кинески Синохидро дали и кога ќе продолжи изградбата биле во свлечиштата.

Но затоа власта срдечно се фалеше и славеше со проектите кои само ги дошминка, а кои ги наследи речиси целосно изградени од претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ. Свежи се сеќавањата за прославата во тунелот од делницата Демирт Капија Смоквица каде се играа чочеци и свиреше блех музика

Меѓу ретките проекти кои се комплетираа е автопатот Штип – Миладиновци, кој исто така речиси целосно беше завршен од минатата Влада. Чочек тогаш немаше, но затоа тогашниот премиер Заев посади 600 илјади багреми покрај автопатот во вредност од 13 милиони евра

Фалба за реконструкција имаше и на Плетвар, превојот е со нов асвалт, но и таму се уште нема ништо од најавениот нов експресен пат Градско – Прилеп чиј рок е продолжен до јули годинава .

Неодамна шарени балони за  реконструкција и рехабилитација беа поставени и на правецот Крива Паланка – Деве Баир.  

Оваа Влада заминува со потпишан од еден од најконтроверзните договори за изградба на коридорите 8 и 10 д . Неколку свечени отворања, но и нова година почна а реален старт на градежни работи нема.

https://www.youtube.com/watch?v=ReH58EmyyAQ