Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Многу баби, килаво дете: Во битката за лидер на СДСМ познати и истрошени кадри и еден анонимус

Новиот претседател на СДСМ се бира од веќе познати, истрошени и кадри…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Новиот претседател на СДСМ се бира од веќе познати, истрошени и кадри поврзани со низа скандали кои беа дел од раководството кое го доживеа историски најголемиот изборен дебакл – Венко Филипче, Славјанка Петровска и Јован Деспотовски поднесоа кандидатури. Но, има и друга опција – политичкиот анонимус Златко Ристовски кој доаѓа од паритскиот огранок од Битола.

Поранешниот министер за здравство Филипче кој зад себе ги има пожарот со модуларната болница но и целосно распаднатиот здравствен систем сега влегува со амбиција да ја врател партијата на вистинската насока. Горд е што бил близок со Заев, но вели ако бил избран за претседател ќе докажел дека нема да биде негова сенка.

-Добро јас слушам многу коментари во врска со поддршката од Зоран Заев. Доколку бидам избран за претседател јас за многу кратко ќе докажам дека ќе владеам целосно со мојот интегритет и достоинство. Тоа што имам одлични релации со Зоран Заев пред се говори за мене. Јас имам одлични релации и со останатите други претседатели претходни на партијата, со други претходни функционери, изјави Филипче.

Реклама

Партијата се уште нема направено ниту анализа на катастрофалните изборни резулати, а веќе говорат како ќе работеле во идина. За партиски реформи ќе се бори и довчерашната министерка за одбрана и една од најблиските соработнички на Димитар Ковачевски, Славјанка Петровска која предизборно склучи скандалозен договор за набавка на хеликоптери вреден 230 милиони евра. Вели партијата се наоѓа во најнезавидна позиција од своето постоење и за тоа не смее да се молчи.

-Ни една причина за овој пораз кој сега го доживеавме не смее да остане скриена и не смее да остане да виси, да лебди некаде, затоа што за жал тоа ни се случи во 2021-ва година, кога тогаш се сметаше дека само со повлекувањето на тогашниот претседател Зоран Заев ќе се надминат некои пропусти, но очигледно дека требало посериозна реформа, изјави Петровска.

Во битката влегува и се уште актуелниот директор на ТИРЗ, Јован Деспотовски кој претходно беше прв човек на во Фондот за иновации со кој се поврзуваа низа скандалозни афери за поделба на грантови. Сега ветува дека ако не победи на изборите, нема да оди на ниту една партиска фунцкија, а тоа го побара и од другите кандидати, кои не ја прифатија таа идеја.

-Нов почеток, нов СДСМ, конкретни чекори, конкретни работи за сите луѓе. Професионализацијата на партијата значи дека ќе вклучиме многу луѓе кои не се дел од партиските структури, меѓутоа нема да ги заборавам и старите структури. Предвиден е посебен форум во кој што сите поранешни функционери, сите поранешни носители на партиски или на јавни функции, кои што ја обавувале таа дејност со достоинство и кредибилитет ќе бидат системски интегрирани, не преку пазар, туку преку конректна форма која што е преточена преку еден совет на искусни, изјави Деспотовски.

Рокот за поднесување кандидатури за иден лидер на СДСМ е до шести јуни. Внатрепарските непосредни избори, на кои право на глас има целото членство, ќе се одржат на 30-ти јуни, кога партијата ќе го добие наследникот на Ковачевски, кој најави дека нема да поднесе кандидатура.

Матеја Петровски