Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Економија

ММФ: Корупција, бавна администрација, минималната плата не ја намалува сиромаштијата

Економски раст од 3,4%, бавна администрација, високо ниво на корупција – Меѓународниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Економски раст од 3,4%, бавна администрација, високо ниво на корупција – Меѓународниот монетарен фонд со бројни критики во најновиот извештај по редовната мисија во земјава. ММФ очекува солиден раст на инвестициите и извозот, но предупредува дека тој може да забави во текот на изборниот период или ако се влоши состојбата кај најголемите трговски партнери и поради тензиите на глобално ниво. Фондот смета дека Владата прави напори за сузбивање на сивата економија, но дека се неопходни бројни реформи за да се обезбеди владеење на правото и контрола на корупцијата. Пониските даноци и повисоките пензии и плати ќе ја зголемеле потрошувачката на населението, но растот на минималната плата не бил проследен со поголема продуктивност и немало да резултира со намалување на сиромаштијата. ММФ предупредува дека државата мора да ја подобри наплатата на даноците, да ги реализира капиталните инвестиции и да ги скрати земјоделските субвенции.

„Консолидацијата ќе бара стабилно спроведување на веќе одобрените реформи кај пензиите и персоналниот данок на доход, како и засилена администрација на приходите и рационализација на земјоделските субвенции. Овие мерки ќе направат простор во буџетот за зголемување на основните капитални расходи и за намалување на инвестицискиот јаз. Ова треба да биде поткрепено и со зајакнато управување со јавните инвестиции“ – пишува во извештајот.

За дополнителната заменик министерка за финансии Гордана Димитриеска Кочоска извештајот е лош и ги детектира неуспешните и промашени политики на Владата. Смета дека ако економскиот раст продолжи со ваквата динамика, земјава ќе го достигне сегашниот европски стандард за 50 години.

Реклама

Димитриеска Кочоска го критикуваше и денешното задолжување за над 24 милиони евра на домашниот пазар. Вели парите се трошат непродуктивно и за тековни трошоци. Потврдува дека комуникацијата во министерството е лоша и дека освен двете средби со Ангеловска нема напредок во заедничкото донесување одлуки. Инаку, од финансии денеска се пофалија дека утре ќе вратат доспеани долгови во висина од 166 милиони евра, меѓу кои и 155 милиони евра за заем од 2013-та. За да се случи ова, а да се избегне евентуалниот негативен одговор од Кочоска во техничката Влада, уште во декември, првпат во историјата на земјава, финансии вонредно зема кредити од неколку домашни банки.

Тања Попова