Реклама

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

ДЗР: „Мој термин“ 738 дена без договор за одржување, Клековски најави план за надминување на проблемите

Привремено „смирување“ на депонијата Буково со земја и механизација, сè до изградбата на регионалната „Новаци“

Мицкоски до студентите на УГД: Каде и да одите, вратете се дома со знаење, со искуство, со идеи, за заедно да ја градиме Македонија

Кос: ЕУ во вторник ќе ги соопшти новите модели за интеграција, членството во ЕУ носи раст на БДП и до 50%

АНБ разоткри мрежа од псевдо-портали коишто ширеле руска пропаганда

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Свет

ММФ ќе мора да разгледа „специјални мерки“ за поголема помош за сиромашните земји

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ќе мора да разгледа „специјални мерки” со цел…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ќе мора да разгледа „специјални мерки” со цел да им помогне на земјите да се изборат со пандемијата со новиот коронавирус и негативните последици по економијата, изјави синоќа директорката на ММФ, Кристалина Георгиева.

Таа истакна дека ММФ веќе презел посебни чекори за да ослободи средства посебно за пазарите и земјите во развој, кои се соочија со одлив на рекордни 100 милијарди долари.

Според Георгиева ќе бидат потребни повеќе средства ако продолжат да растат пазарните притисоци, иако кредитите не се најдобро решение со оглед на тоа што голем број држави веќе се презадолжени.

Реклама

Таа укажа и на потребата од зајакнување на соработката со другите меѓународни институции и приватниот сектор.

Изјавата на Георгиева уследи откако минатата недела ММФ и Светска банка соопштија дека на поголема група држави, покрај 77 најсиромашни на кои веќе им е ветена суспензија на отплатата на долгови, ќе им бидат потребни олеснувања за исплата на долгот.

Според последната прогноза на ММФ, годинава поради пандемијата со Ковид-19 се очекува пад на светската економија од три проценти, најголем од Големата депресија во 30-тите години од минатиот век.