– Македонската поетеса Марина Мијаковска ја објави стихозбирката „Млечни прозори“ во Србија.
Стихозбирката содржи избор поезија од неколкуте впечатливи стихозбирки на Марина Мијаковска: „Номадска душа“; „Куфери“; „Психоаналитичка алхемија од страсти“; „Постела на тишината“; „Коскена“ и „Свилени времиња“.
Книгата е објавена од книгоиздателство „Арте“ од Белград, а главен и одговорен уредник е Миодраг Јакшиќ.

Стихозбирката „Млечни прозори / Млечни прозорци“ е објавена двојазично, на македонски јазик и во препев на српски јазик. Препевот на српски го направија Марина Мијаковска и Миодраг Јакшиќ.
Ова е прво дело на Мијаковска објавено на српски јазик.
Стихозбирката „Млечни прозори / Млечни прозорци“ од Мијаковска ќе биде промовирана на 31 октомври (сабота) во 15 часот во салата „Васко Попа“ на 69. издание на Меѓународниот саем на книгата во Белград.

