Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Младите не се само иднината, туку и сегашноста, потребно е нивно активно учество во креирањето политики

Младите не се само иднината, туку и сегашноста на општеството и треба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Младите не се само иднината, туку и сегашноста на општеството и треба активно да бидат вклучени во процесите на креирање младински политики и носење одлуки, порача денеска извршната директорка на Центарот за интеркултурен дијалог (ЦИД), Јована Јордановска, по повод Меѓународниот ден на младите – 12 август. Јордановска вели дека младите треба да имаат повеќе можности за образование, вработување и активно учество во процесите на одлучување, особено кога станува збор за политики и иницијативи што директно ги засегаат.

-На Меѓународниот ден на младите сакам да потсетам дека младите не се само иднината, туку тие се и сегашноста. Затоа треба да учествуваат во процесот на креирање на младинските политики, а не да се носат младински политики без нив. Мислам дека треба да има повеќе можности за образование, повеќе можности за вработување и, секако, поголемо вклучување на младите во активните процеси на донесување одлуки поврзани со младинските иницијативи- вели Јордановска.

Состојбата со локалните младински политики во земјава постепено се подобрува, а дел од општините веќе имаат донесено локални стратегии за млади, отворено младински центри и назначено службеници за млади.

Реклама

-Во дел од градовите веќе се донесени локалните стратегии за млади, согласно Законот за младинско учество и младински политики. Исто така, имаат креирано и отворено младински центри, поставено службеници за млади, а дел од нив се во процес на формирање на локален младински совет, посочи Јордановска.

Во однос на Куманово, таа информира дека процесот на формирање локални младински структури е започнат, но во моментов е забавен.

-Што се однесува до Општина Куманово, веќе сме во процес, малку е застанат моментално, меѓутоа се надеваме дека наскоро ќе се забрзаат работите и ќе бидат средени- рече Јордановска.

Таа посочи дека младите во земјава најчесто бараат можност активно да учествуваат во процесите на донесување одлуки и да бидат дел од креирањето иницијативи што ќе придонесат за подобро општество.

-Младите сакаат да бидат активно вклучени во процесот на донесување одлуки за подобро општество. Сакаат да бидат ангажирани и да бидат дел од креирањето на младински иницијативи со кои ќе можат да го направат општеството подобро, нагласи Јордановска.

Таа оцени дека инвестициите во младите се инвестиции во иднината и развојот на општеството. ЦИД е меѓу најактивните младински организации земјава која низ годините придонесе значително за креирање на младински политики.