Реклама
Македонија

Младите луѓе ги поздравуваат мерките што ги најави премиерот Мицкоски, веруваат дека со нив ќе се намали иселувањето

Младите ги пофалија најавените мерки на премиерот Мицкоски наменети за подобар живот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Младите ги пофалија најавените мерки на премиерот Мицкоски наменети за подобар живот на студентите во Македонија. Голем број од нив, искрено се надеваат дека со финансиските проекти – 250 евра ваучер за електронски уред за сите студенти и до 30 илјади евра за бизнис за млади – нема да има масовно иселување од државата. Младите го поддржуваат планот на Владата каде преку финансиски проекти, отварање на нови работни места и загарантирана работа –државата ќе ги врати младите кои секојдневно си ги пакуваат куферите и си заминуваат.

“Ги проследивме мерките кои беа објавени за млади..најконкретно би ги издводила мерката за субвениции од 250 евра за електронски уред за секој студент.И мерката од 10 милиони за субевнции односно за отворање на сопствен бизнис за младите.Овие мерки навистина мислам дека ќе поттикнат активно работење кај младите, можеби малку повеќе да се насочат кон бизнисот, кон тоа да се задржат и да се донесат парите во државата.Мерките теоретски се добри, очекуваме да се исполнат во целост како што е ветено и потоа да одредиме колку навистина биле ефективни” вели Анисја Угриновска, студент.

Студентите алармираат дека главни проблеми изминатите години биле недовербата на институциите, желбата за подобар животен стандард, проблемите со образованието, здравството, како и немањето перспектива. Велат дека најзагрижувачки е што си заминуваат високообразовани кадри, оставајќи ја земјава без развојни перспективи.

Реклама

“Особено мерката за бизниси за младите ќе биде еден одлучувачки голем фактор дали младите можеби ќе останат во Македонија или пак,ќе бараат својот бизнис или образование да го подолжат во странство, младите мора да ги задржиме во земјава…но за да ги задржиме младите мораме да имаме подобри услови” изјави Угриновска.

Инаку, според најавите од владата, секој млад човек од 18 до 29 години ќе може да аплицира со проект и ќе добие од 1.000 до 30.000 евра за да почне свој бизнис.

Парите за сопствен бизнис ќе се доделуваат во зависност од бизнис планот, а за тоа како и дали истите ќе завршат на вистинско место, под строги критериуми ќе оценува комисија која ќе биде формирана и ќе има претставници од повеќе институции.