Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Младински ХАБ „Млади Исток“ поддржува развој на социјални претприемачи во источниот регион

Младите од источниот регион добија нова можност за развој на свои бизнис…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Младите од источниот регион добија нова можност за развој на свои бизнис идеи со социјално влијание, преку проектот „Моја идеја – наша реализација: Младински ХАБ ‘Млади Исток’“. Проектот предвидува формирање младински хаб кој ќе им овозможи на младите знаења, практични вештини, менторство и поддршка за основање и управување со социјални претпријатија.

-Проектот ги опфаќа општините Македонска Каменица, Виница и Делчево, а од неговата реализација се очекува: отворање на пет социјални претпријатија; вработување на пет млади лица; зголемување на знаењата за социјално претприемништво кај над 100 млади; изработка на пет канвас модели за започнување бизнис; воспоставување систем за мерење на влијанието на социјалните претпријатија во заедницата, се вели во соопштението во врска со реализацијата на проектот.

Активностите за негова реализација покрај почетната прес-конференција за информирање на јавноста одржана во Македонска Каменица предвидува и одржување на шест тематски работилници за млади претприемачи (вклучувајќи менаџирање, финансии, правни аспекти, социјални иновации и изработка на бизнис план), менторска поддршка за основање и развој на социјалните претпријатија, како и промоција на постигнатите резултати.

Реклама

Проектот е дел од програмата „RAISE CSOs – Резилиентни и инклузивни патеки за социјално претприемништво за младите“, која ја спроведува Младински сојуз – Крушево во соработка со Центарот за истражувања и анализи „НОВУС“ и Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“, со поддршка на Европската Унија, во рамки на ИПА програмата за граѓанско општество 2022–2023.